Активности

Петок, 18 мај 2018 година

Пратениците Лилјана Затуроска и Хари Локвенец на Семинар „Состанок на Зелената пратеничка група со пратеници од Црна Гора и Македонија“ во Белград 

Пратеници, членови на неформалната пратеничка зелена група и експерти од областа на оддржливиот развој и заштита на животната средина, заедно со пратениците од Република Македонија, г-ѓа Лилјана Затуроска и г. Хари Локвенец, и од Црна Гора, на 16 и 17 мај 2018 година, во Белград, разменија искуства од областа на заштитата на животната средина и финансирањето во истата, со посебен акцент на процесот на преговарање со Европската Унија. 

На настанот е истакнато дека целиот регион на Западен Балкан се бори со истите предизвици кога е во прашање заштитата на животната средина, како и финансирањето како најголем предизвик со кои се соочуваат.

Заклучок на семинарот е дека политиката на финансирање во заштитата на животната средина, треба да биде интегрирана во целокупната макроекономска политика на земјите, бидејќи тоа е единствен начин да се обезбеди долгорочност, континуитет и сигурност на заштита на животната средина, додека пристапувањето во Европската Унија може да се сфати само како неопходност за земјите во регионот одржливо да се развиваат. 

На семинарот е дискутирано и за Зелениот фонд, при што е заклучено дека потребно е да се врши контрола и надзор на истиот, како и тоа дека средствата кои влегуваат во буџетот од зелениот фонд, мора целокупно да се инвестираат во заштита на животната средина, а не само третина од квотата како што е моментално. 

На крајот од семинарот е заклучено дека отворањето на Поглавјето 27 претставува инвестиција за иднината.

Click