Активности

Вторник, 17 декември 2019 година

Седумдесет и прва седница на Комисијата за финансирање и буџет           

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Северна Македонија на денешната 71. седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година (по скратена постапка).

Воведно образложение по поднесениот Предлог на закон даде министерката за финансии, Нина Ангеловска. Таа истакна дека извршувањето на Буџетот на Република Северна Македонија се регулира со посебен закон во кој поблиску се определуваат начинот и условите за извршување на Буџетот за тековната фискална година. Законот, чие донесување се предлага, се заснова врз следниве основни начела: рационално, економично, ефикасно и ефективно трошење на средствата од корисниците на Буџетот и законитост и одговорност при користењето на средствата на Буџетот за извршување на утврдените обврски на Републиката. За спроведување на овој закон не се потребни дополнителни финансиски средства, со оглед дека потребните финансиски средства за спроведување на планираните активности на буџетските корисници се планирани со Предлог-Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година.

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Предлогот на законот не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.    

Комисијата за финансирање и буџет го проследи Предлогот на закон за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година на натамошна постапка во Собранието.          

Click