Активности

Понеделник, 16 април 2018 година

Собраниска делегација учествуваше на Петтата годишна сесија на ПС на ПСЈИЕ

Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, предводена од шефот на Делегацијата, г. Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија, учествуваше на Петтата годишна сесија на ПС на ПСЈИЕ, што се одржа на 13 и 14 април во Љубљана, Република Словенија.

На сесијата учествуваа и Делегациите од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Србија, Косово, Бугарија, Романија, Молдавија, Турција и Грција, како и претставници на Парламентарната конференција на Балтичкото море, Парламентарното собрание на Медитеранот, Парламентарното собрание на Црно Море за економска соработка и Регионалниот совет за соработка. 

На првиот работен ден, седници одржаа Постојаниот комитет, како и Генералните комитети за правда, внатрешни работи и безбедносна соработка; за економија, инфраструктура и енергија и социјален развој, образование, истражување и наука.

На седницата на Генералниот комитет за внатрешни работи и безбедносна соработка, како претседавач за 2018/2019 година беше избран пратеникот Џеват Адеми.
На вториот работен ден, односно на пленарната сесија, освен предвидените точки со дневниот ред, свои обраќања имаа шефовите на делегациите, меѓу кои и претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери.

Click