Активности

Четврток, 21 септември 2017 година

Средба на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, оствари средба со Делегација на претставници на Комитетот за меѓународни односи на Горниот дом на Британскиот парламент, во состав: бароница Жан Елизабет Косинс и лорд Брус Џосеф Гроскот.

Во воведното обраќање, заменик-претседателот на Комисијата, г. Хари Локвенец, посакувајќи им добредојде на гостите, ги запозна со составот и надлежностите на Комисијата. 

Во фокусот на разговорите беше мултитетничкиот карактер на Република Македонија и напорите за унапредување на меѓуетничките односи во државата, како дел од процесот на интеграција во Европската Унија. 

Средбата беше позитивно оценета од двете страни, со надеж дека ваквите средби ќе продолжат и во иднина, бидејќи овозможуваат размена на мислења и запознавање со политиките кои се преземаат.

Click