Активности

Среда, 14 февруари 2018 година

Средба на пратеници со Изток Мирошич, државен секретар во Министерството за надворешни работи во Република Словенија

Пратениците Весел Мемеди,Јулиана Николова и Диме Велковски се сретнаа со г. Изток Мирошич, државен секретар во Министерството за надворешни работи во Република Словенија, г-ѓа Аленка Кошир, раководител на секторот за проширување и југоисточна Европа во Министерството за надворешни работи на Република Словенија и Н.Е Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија во Република Македонија.

Од страна г. Изток Мирошич беше испратена силната порака дека проширувањето на Унијата ќе продолжи, дека Република Македонија и земјите од Западен Балкан, во согласност со степенот на реализација и исполнување на неопходните критериуми, имаат јасна перспектива во наредниот период да се приклучат кон ЕУ.

Пратеникот Мемеди информираше за текот на реформскиот процес во Република Македонија, за посветеноста на новото мнозинство да ги реализира поставените задачи од Брисел сè со цел да добиеме безусловна препорака за отпочнување на преговорите, па дури и конкретен датум за отпочнување на истите.

На средбата се разговараше за европската интеграција на Република Македонија и потребните конкретни чекори што престојат во контекст на Стратегијата на Европската комисија за проширување со земјите од Западен Балкан до 2025 година, објавена на 6 февруари 2018 година, како и за интеграција на Република Македонија во НАТО.

На средбата, исто така, се разменија мислења за состојбата во Република Македонија и регионот, евроатлантската перспектива и односите со соседите.

Click