Активности

Петок, 10 ноември 2017 година

Средба на пратеникот Димитриев со европратеникот Вајгл

Претседателот на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникацииите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана при Собранието на Република Македонија, Емил Димитриев оствари работна средба со г. Иво Вајгл, член на Европскиот парламент. На средбата стана збор за работата на Комисијата и тековните реформи, идните перспективи на Комисијата за соработка со Владата на Република Македонија, како и генерално за политичката ситуација во земјата.

Пратеникот во Европскиот парламент, г. Иво Вајгл ги потврди позициите на Република Македонија во процесот на евроинтеграции, пред и после политичката криза во земјата, истовремно нагласувајќи ја потребата од интензивирање на реформите и постигнување на политички консензус за важни прашања.

Од страна на претседателот на комисијата, Емил Димитриев беше јасно искажан ставот дека Република Македонија останува посветена на нејзините врвни приоритети - членство во Европската Унија и НАТО, истовремено нагласувајќи дека е време да се премине на конкретни и суштински активности на планот на реформите во кои прв приоритет ќе биде градење на системи и решенија кои ќе бидат иманентни на влијанието на политиката, како и градење на граѓанско и мултиетичко општество со посебен фокус на економијата и интеграциите на земјата.

Click