Hidden render

Четврток, 7 септември 2017 година

Потпишан меморандум за организирање обуки за службата на Собранието со цел зајакнување на капацитетите

Генералната секретарка на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Цветанка Иванова, денес оствари средба со претставници на Холандскиот центар за европски безбедносни студии и Холандската амбасада во Скопје.

На средбата беше потпишан Меморандум за разбирање за организирање обуки за службата на Собранието со цел зајакнување на капацитетите.

Двете страни ја поздравија успешната соработка во изминатиот период реализирана преку проекти за обука на стручната служба и изразија надеж дека и актуелниот проект ќе биде успешно финализиран.  

Меморандумот за разбирање се однесува на проект кој ќе се одвива во текот на следните 10 месеци, а ќе вклучи организирање на обуки за едуцирање на собраниската служба за етика и интегритет со цел унапредување на професионалното делување.

На обуките ќе се разгледуваат меѓународни стандарди, европски искуства, а на учесниците ќе им бидат пренесени и најдобри практики. 

Click