Средби пратеници

Понеделник, 31 јули 2017 година

Пратеничката Фросина Ташевска Ременски се сретна со в.д амбасадорот на Руската Федерација Константин. А. Берсенев

Шефот на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, д-р Фросина Ташевска Ременски денеска оствари работна средба со в.д амбасадорот на Руската Федерација Константин. А. Берсенев и третиот секретар Станислав Лупин.

На средбата се разговараше за повеќе прашања од интерес за унапредување на заемната соработка на парламентарно ниво, како и за актуелните состојби во Парламентарното собрание во Советот на Европа. 

Се заклучи дека, треба да се развиваат и унапредуваат пријателските односи на сите нивоа помеѓу владите на двете земји во областа на меѓународните и економските односи, како и културно приближување и заемна поддршка во националните интереси на земјите.