Hidden render

Вторник, 5 септември 2017 година 

Средба на генералната секретарка Иванова со швајцарската амбасадорка Тејада

Генералната секретарка на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Цветанка Иванова, денеска оствари средба со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Република Македонија, г-ѓа Сибил Зутер Тејада. 

На средбата беше разгледана досегашната плодна соработка на македонскиот законодавен дом и Швајцарската Конфедерација, и надеж за продолжување на истата преку  конкретни проекти. 

Генералната секретарка Иванова, од свое име, и од името на Собранието на Република Македонија, се заблагодари на амбасадорката Тејада за целиот придонес кој досега го дала Швајцарската Конфедерација во развојот на парламентарната демократија, како и за останатиот ангажман на швајцарската амбасада во подобрувањето на работата на Собранието на Република Македонија.

Click