Hidden render

Вторник, 31 октомври 2017 година

Средба на пратеникот Груби со полскиот амбасадор Мултановски

Пратеникот Артан Груби, претседател на Kомисијата за европски прашања на Собраниeтo, денес во Собранието на Република Македонија се сретна со полскиот амбасадор во Македонија, г. Јацек Стефан Мултановски.
Господин Груби и амбасадорот Мултановски разменија мислења за политичката состојба, за текот на локалните избори кои се одржаа во земјата, патот кон системските реформи, добрососедските односи, како и членството на земјата во евроатлантските структури.

Пратеникот Груби го информираше амбасадорот дека изборите поминаа во мирна, фер и натпреварувачка атмосфера, што беше потврдено во прелиминарните извештаи на ОБСЕ/ОДИХР, поддржани од делегацијата на ЕУ, Амбасадата на САД, како и од релевантните домашни набљудувачи.

Груби го истакна своето задоволство од резултатите на локалните избори што претставува потврда на програмските определби на владејачката коалиција за длабоки реформи, евроатлантска интеграција и еднаквост во општеството.

Исто така, Груби посочи дека по завршување на локалните избори Парламентот, како и Комисијата за европски прашања со која што тој претседава, се враќаат на реформската аенда и уште поактивно ќе се посветат на мерките и активностите што се во насока на отстранување на сите забелешки и пречки за евроинтегративните процеси на Република Македонија.

Амбасадорот Мултановски ги поддржува евроатлантските аспирации на Македонија и изрази заинтересираност за да го помогне нашиот пат кон ЕУ и НАТО.

На средбата беа отворени темите за предизвиците со кои се соочуваат сите европски земји, се разменија мислења и ставови за актуелните случувања во Европската унија, со посебен осврт на европските прилики од аспект на понатамошното проширување на Унијата со нови земји членки, пред сè со државите од Западен Балкан.

Click