Никола Кљусев



Радмила Кипријанова- Радовановиќ




Љубен Пауноски



Илијаз Сабриу



Димитар Димитров



Васил Тупурковски



Мартин Треневски



Ѓорѓи Наумов



                                                                                             

                                                      ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ 
  

 

 

 

 


 Роден 1966 г. во Штип, РМ. Македонец. Има завршено Филолошки факултет-компаративна книжевност. Претседател на ВМРО-ДПМНЕ од нејзиното основање во 1990 година до мај 2003 година. Во 1991 г. бил потпретседател на претседателот на Република Македонија. Од 1992 до 1994 бил пратеник во Собранието на Република Македонија, 1998-2002 претседател на Владата на Република Македонија. Добро знае англиски. Живее во Скопје.
                                                                                                            
  
   



Доста Димовска

 

 

 

 

 

 

Родена е 1954 година во Скопје. Македонка. Завршила Филозофски факултет. Работи како стручен соработник на Филозофскиот факултет. Живее во Скопје.

 



 

 

БОРИСЛАВ СТОЈМЕНОВ

 

 

 

 

Член на ВМРО-Македонска.Роден на 4.04.1940год во с .Вељуса,Струмица. Македонец.Дипломиран економист.   



 

 

Лога Алириза

 

 

 


Беше член на Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија - Народна демократска партија (ПДПА-НДП).

Беше член на Централното ракводство на ПДПА-НДП. Беше претседател на Комисијата за образование и наука при Собранието на РМ. Беше член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Хрватска. Беше член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Франција.

Роден 1947 година во с. Ливада, Струга, РМ. Албанец. Завршил Природно - математички факултет, хемија. Работел како професор по хемија во основно училиште. Бил директор на основно училиште. Добро го знаел францускиот, а се служел со германскиот јазик. Живеел во с. Ливада, Струга.

Починал на 18.12.2000 година.
     
  
   



 

 

Котевски Ѓорѓи 

 

 

 

 

Член на ВМРО-ДПМНЕ. 

Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Европскиот парламент. Претседател на Комисијата за внатрешна политика и одбрана. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Сојузна Република Југославија. 

Роден 1950 година во с. Логоварди, Битола, РМ. Македонец. Завршил Филолошки факултет. Бил професор во средно училиште, а извесен период бил вработен во издавачката дејност. Се служи со англискиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ во мандатниот период од 1991 до 1994 година. Живее во Битола.

Починал на 13.11.2001 година.
     
  
   



 

 

Петровски Филип

 

 

 

 

Член на ВМРО-ДПМНЕ и на Извршниот комитет.

Претседател на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ. Член на Комисијата за контрола на ДБК и Агенцијата за разузнавање при Собранието на РМ. Член на Комисијата за млади, спорт и екологија при Собранието на РМ. Член на Постојаната анкетна комисија за заштита на правата на граѓанинот при Собранието на РМ. Претседател на Комисијата за младински прашања при Централноевропската унија ( до 2001). Заменик член на делегацијата на Собранието на РМ во НАТО. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Франција.

Роден 1972 година во Куманово, РМ. Македонец. Завршил Филозофски факултет. Добро го знае фарнцускиот јазик. Живее во Куманово.
     
  
  
 
 



 

 

Шаќири Хисни

 

 

 

 

Член на Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија - Народна демократска партија (ПДПА-НДП).

Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија.

Роден 1949 година во с. Отља, Куманово, РМ. Албанец. Завршил Филозофски факултет, историја. Работел како наставник по историја. Се служи со германскиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ во двата претходни мандати од 1990 до 1994 и од 1994 до 1998 година. Живее во с. Отља, Куманово.

Пратеничкиот мандат му е одземен на 16.11.2001 година.
     



 

 

Митрева Илинка

 

 

 


Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и член на Претседателството на СДСМ.

Член на делегацијата на Собранието на РМ во парламентарната делегација на Централноевропската унија. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Европскиот парламент.

Родена 1950 година во Скопје, РМ. Македонка. Завршила Филозофски факултет, доктор по филолошки науки. Професор на Катедрата за романски јазици и литература на Филолошкиот факултет во Скопје. Добро ги знае францускиот, англискиот и италијанскиот јазик. Била пратеник во Собранието на РМ во претходниот мандат од 1994 до 1998 година. Живее во Скопје.

Од 13.05.2001 член на Владата на Република Македонија.
     




ИЛИЈА ФИЛИПОВСКИ













Член на СДСМ Роден 1941 година во Ростуше, РМ. Македонец. Има високо образование. Директор на увоз-извос "Охис" и комерцијален директор. Потпретседател на Извршен совет на СРМ, приватен стопанственик во Австрија, а потоа во Република Македонија. Бил пратеник во претходниот состав на Собранието на РМ и заменик потпретседател на Владата на РМ. Се служи со англиски и руски јазик. Живее во Скопје.



 

Ружин Нано

 


  
 


    
 
   
Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и член на Претседателството и на Централниот одбор на Партијата. 
      
Бил член на Општинскиот комитет на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија од 1976 до 1978 година. Бил на студии и престој во Париз, Франција од 1979 до 1985 година. Основач на неколку невладини организации: Европско движење, Форум за човекови права и Евроатлантски клуб (претседател). Заменик член на делегацијата на Собранието на РМ во НАТО. Член на парламентарната делегација на Собранието на РМ во Европскиот парламент. Претседател на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Франција. 
     
Роден 1952 година во Скопје, РМ. Македонец. Завршил Факултет за политички науки, доктор по политички науки. Редовен професор на Филозофскиот факултет. Добро го знае францускиот, а се служи со англискиот, рускиот и италијанскиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ и во претходниот мандат од 1994 до 1998 година. Живее во Скопје.
     
  
   



 

 

Стојановски Томислав

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

 


Господин Томислав Стојановски, Македонец, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, е роден на 15.05.1933 година во Куманово. Основно и средно образование завршил во родниот град. Потоа студирал и дипломирал на Правниот факултет во Скопје.

Од 1956 година работи во тогашниот Општински суд во Куманово, додека од 1960 - 1962 година беше претседател на Општинскиот суд во Кратово. Од 1962 година наваму работи како адвокат со сопствена адвокатска канцеларија.

Пред распаѓањето на претходната СФРЈ беше делегат во Соборот на републиките и покраините на Сојузното собрание. Во периодот од 1990 - 1994 година беше пратеник во Првиот македонски повеќепартиски парламент, а во Собранието на Република Македонија во тој мандатен период беше претседател на Законодаво-правната комисија, а беше активен член и во други комисии и помошни тела на Собранието.

Член и активист на ВМРО-ДПМНЕ (ВМРО-Партија за македонски национално единство) е уште од нејзиното основање. Произлегува од ВМРО-вско семејство.
     
  
  
 


  



 

Андоновски Кирил

 

 
  
 


    
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. 
      
Секретар на Правната комисија и на Судот на честа на ВМРО-ДПМНЕ. Член на Статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ. Претседател на Законодавно-правната комисија при Собранието на РМ. Претседател на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со парламентите на Кралството Норвешка, Република Финска, Кралството Шведска, Кралството Данска и Република Исланд. Бил делегат во Соборот на здружениот труд на Собранието на СРМ во мандатниот период од 1986 до 1990 година. 
      
Роден 1937 година во с. Долно Меличани, Дебар, РМ. Македонец. Завршил Правен факултет. Бил професор во средно училиште, работел како началник на стручната служба на Собранието на општина Чаир, Скопје. Бил член на Извршниот одбор на Собранието на Град Скопје. Се служи со англискиот јазик. Живее во Скопје.
     
  
  
 
 

Click