Pratenichki sostav
 
Пратенички состав




Ермира Мехмети

 

 

 




Член на ДУИ. Родена на 6.10.1979 година во Скопје. Албанка. Дипломиран правник  на УЈИЕ Тетово, магистер по компаративна политика на Лондонска школа за Економија и Политички науки (LSE). Докторант по правни науки на Универзитетот во Тирана.

Активности во Собранието:

  • Комитет за односи меѓу заедниците, претседател
  • Национален совет за евроинтеграции, заменик-член
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, член
  • Комисија за уставни прашања, член
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за надворешна политика, член
  • Законодавно-правна комисија, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација, со статус на придружна делегација (ПС НАТО), претседател
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), потпретседател
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание  на Советот на Европа (ПС СЕ), член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора, член


Е-пошта: e.mehmeti@sobranie.mk