Неформални групи

Четврток, 27 јули 2017 година

Состанок на Претседателството на Клубот на пратенички

По барање на пратеничката Лилјана Кузмановска, на 24 јули 2017 година се одржа состанок на Претседателството на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, на кој беа разгледани конкретни случаи, кои се однесуваат на позицијата и статусот на жената, по однос на работното место.

На состанокот беше донесен следниот закучок:

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, во своето делување се води од принципите на родовата рамноправност, заштита на правата на жените и унапредување на нивниот статус во општеството. 

Затоа, Клубот ќе се заложува да ја штити положбата на жената, на приватен и професионален план.

Ставот на Клубот на пратенички, секогаш бил, и ќе биде, дека, кога има повреда на правата на жените, надлежните институции во државата, по било кој основ да постапуваат согласно Уставот и законите, односно Законот за работни односи. 

Click