Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Петок, 21 јули 2017 година

Средба на Клубот на пратенички на тема: „Клуб на пратенички, достигнувања и приоритети”   

На средбата присуствуваа членките на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, поранешните координаторки и заменик-координаторки на Клубот, претставници на невладините и меѓународните организации, Националниот демократски институт и Европската комисија.

Четврток, 20 јули 2017 година

Клубот на пратенички - достигнувања и приоритети

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија ќе организира средба на тема: „Клуб на пратенички, достигнувања и приоритети“. 

На средбата се поканети членките на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, поранешните координаторки и заменик-координаторки на Клубот, претставници на невладините и меѓународните организации, Националниот демократски институт и Европската комисија.

Средбата ќе се одржи на 20 јули 2017 година (денеска) во 14.00 часот, во Сала на Уставна комисија.

 

Четврток, 6 јули 2017 година

Конститутивен состанок на Клубот на пратенички

Денескa, Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија одржа конститутивен состанок на кој за координаторка беше предложена и избрана пратеничката од СДСМ, Ѓулумсер Касапи, а беше договорено пратеничките од парламентарните партии, да делегираат членки на претседателството на клубот. 


Архива
 

Брошура на Клубот на пратенички 2003-2014
 

„Национална стратегија за сексуално и репродуктивно здравје“

 
ПУБЛИКАЦИЈА: РОДОВО ОДГОВОРНО БУЏЕТИРАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА