ИЛИЈА ДИМОВСКИ
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 10.8.1980 година во Велес. Македонец. Aпсолвент на Правниот факултет во Скопје.
Активности во Собранието
- Анкетна комисија за утврдување на околностите за загинувањето на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, член
- Законодавно-правна комисија, член
- Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
- Комисија за прашања на изборите и именувањата, претседател
- Комисија за локална самоуправа, заменик-член
- Комисија за надворешна политика, заменик член
- Анкетна комисија за настаните во Собранието на Република Македонија случени на 1 јули 2010 година, член
- Совет на Собранискиот канал, член
- Постојано анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Медитеранот, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Унгарија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија, претседател