2014

Петок, 28 февруари 2014

ПРВА УСПЕШНА ЕВРОПСКА ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА

Европската граѓанска иницијатива беше воведена со Лисабонскиот договор, додека на  16 февруари 2011 година беше донесено законодавството за нејзиното спроведување.

Првата успешна европска граѓанска иницијатива која беше доставена до Европската комисија доби поддршка од 1.680.172 валидни изјави на европски граѓани од различни земји-членки на ЕУ:Австрија, Белгија, Финска, Германија, Унгарија, Италија, Литванија, Грција, Холандија, Словенија, Шпанија, Луксембург и Словачка.

Во Европскиот парламент на 17 февруари годинава, беше одржана јавна дебата за Европската граѓанска инцијатива позната како "Right2Water“, на која присуствуваа повеќе од 400 учесници. Според целите на инцијативата „Right2Water“ се дебатираше за:

  • гарантиран пристап до вода и санитарни услови за сите во ЕУ;
  • глобален пристап до вода и санитарни услови за секого и
  • без либерализација на услугите за вода.

На расправата организаторите на европската граѓанска иницијатива „Right2Water“ ја повикаа Европската комисија да предложи законодавство за спроведување на човековото право на вода и да се промовира обезбедувањето на вода и санитарни услови за секого. Иницијативата нагласува дека понудата и управувањето со водните ресурси не треба да биде предмет на правила на внатрешниот пазар и дека услугите за водата треба да бидат исклучени од либерализација.

Европската комисија до 20 март годинава ќе треба да одлучи каков чекор ќе превземе во однос на поднесената граѓанска иницијатива.

Две години од воведувањето на европската граѓанска иницијатива како и една година пред ревизијата на Регулативата за спроведувањето 211/2011, европската граѓанска иницијатива прераснува во можност за успешност на процесот, можност да се разговара за најдобрите практики и да се дадат препораки кои ќе ја зголемат ефикасноста на овој инструмент на партиципативна демократија.

Во Брисел, на 15 април годинава, на едно место ќе се сретнат регистрираните и идните организатори на европска граѓанска иницијатива, со цел да разменат информации и искуства и да ги презентираат нивните иницијативи и активности пред медиумите. Овој ден ќе се одбележи како ден на Европската граѓанска иницијатива "ECI 2014".

Информации од следните линкови:
http://ec.europa.eu/citizens-initiative/public/welcome
http://www.eesc.europa.eu/?i=portal.en.events-and-activities-eci-day-2014

Click