ЕУ вести

Вторник, 1 јули 2014 година

Италија – нов претседавач со ЕУ

Денеска Италија го презема од Грција ротационото претседателство со Европската унија. 

Во рамките на утрешната пленарна седница на Европскиот парламент во Стразбур, италијанскиот премиер, г. Матео Ренци, ќе ги претстави приоритетите на италијанското претседателство во наредните шест месеци. Како што се најавите, во фокусот на Италијанците ќе бидат економскиот раст и вработувањето, но и проширувањето на ЕУ.

Логото на Италијанското претседателство е ластовичка во боите на Европа и Италија, која симболизира патување, надеж и слобода. Клунот нагоре претставува стремеж кон најдобро, крилјата симболизираат ориентација, заштита и почитување, додека уникатната опашка на ластовичката е симбол за разновидноста меѓу Европејците и ЕУ мотото – „Обединети во различностите".

На почетокот од 2015 година, Италија ќе ѝ го предаде претседавањето на Летонија, a во втората половина од истата година, улогата на претседавач ќе ја има Луксембург.

Click