ЕУ вести

Четврток, 20 ноември 2014 година

Универзален ден на детето 

Денеска се одбележува Универзалниот ден на детето и 25-годишнината од Конвенцијата за правата на детето. По тој повод претставници на Европската унија дадоа заедничка изјава, во која стои дека „децата секогаш биле и остануваат во срцето на политиката на ЕУ“.

Во Изјавата се потенцира дека ЕУ секојдневно се стреми да се заштитат децата од штетни традиционални практики, како генитална мутилација, прерани и присилни бракови. Борбата против најлошите форми на искористување на децата, како вклучувањето на децата во вооружени конфликти, останува високо на ЕУ агендата. 

ЕУ активно ја поддржува и кампањата на ОН - „Деца, не војници", која има за цел до 2016 година да го елиминира регрутирањето и експлоатацијата на децата во конфликти од страна на владини вооружени сили. 

Со цел да се спречи и да се одговори на насилството врз децата, што останува суровата реалност, ЕУ ќе продолжи да соработува со меѓународни организации, со органите на ОН, особено со УНИЦЕФ, како и со релевантни граѓански организации.

Унијата најави финансирање на повеќе од 100 милиони евра за наредните седум години за поддршка на родовата еднаквост и детската благосостојба.  

Инаку, Универзалниот ден на детето е годишен меѓународен настан кој се одбележува на 20 ноември по одлука на Генералното собрание на ОН во 1954 година.

Целта е да се промовира заемно разбирање и интеракција меѓу децата и благосостојба на децата во светот. Овој ден се слави и да се привлече вниманието на јавноста за обврската на општеството кон децата, како и за тековните проблеми со кои се соочуваат децата.

Click