ЕУ вести

Вторник, 29 јули 2014 година

Висок квалитет на водите за капење во ЕУ

Според Извештајот на Европската агенција за животна средина за 2013 година, квалитетот на водите за капење во Европа е значително висок, дури 94% од нив ги исполнуваат минималните стандарди според Директивите на ЕУ.

Кипар, Луксембург, Малта, Хрватска и Грција се топ пет земјите кои имаат највисок квалитет на водите за капење. 

Со оглед на тоа дека сезоната за капење, која обично се отвора во мај и трае до крајот на септември, е во полн ек, оваа информација, сигурно ќе им биде во полза на оние Европејци кои се одлучиле да го минат својот летен одмор на некоја од безбројните плажи на Стариот континент. 

Со приклучувањето на Хрватска во Европската унија, на картата на големото европско семејство се додадоа уште 900 или вкупно 21.000 води за капење назначени од ЕУ.  


Click