ЕУ вести

Вторник, 15 јули 2014 година

Жан-Клод Јункер нов претседател на Европската комисија

Европскиот парламент го прогласи г. Жан-Клод Јункер за нов претседател на Европската комисија, откако на тајно гласање на седницата во Стразбур, доби поддршка од 422 од вкупно 751 европратеник. Петгодишниот мандат на оваа функција, тој официјално ќе го започне на 1 ноември годинава.

На тој начин само беше потврдена одлуката на Европскиот совет од 27 јуни, кога 26 земји-членки на ЕУ гласаа во корист, а две (Велика Британија и Унгарија) беа против кандидатурата на г. Јункер, предложена од Европската народна партија (ЕПП).

59-годишниот поранешен премиер на Луксембург и екс претседател на Еврогрупата, кој доаѓа од десноцентристичката Христијанско-социјална народна партија (ЦСВ), ја наследи позицијата прв човек на Еврокомисијата од г. Жозе Мануел Баросо, кој беше во таа улога два мандати.

Click