Делегации

Петок, 29 мај 2015 година

Средба на г.  Кенан Хасипи и г. Алојз Петерле, Копретседавачи на Мешовитиот Парламентарен Комитет РМ-ЕУ

Копретседавачите на Мешовитиот Парламентарен Комитет РМ-ЕУ, г.  Кенан Хасипи и г. Алојз Петерле денеска остварија средба во Собранието на Република Македонија.

На тет-а тет средбата соговорниците разменија мислења за актуелната политичка ситуација во државата, како и за активностите на Мешовитиот Парламентарен Комитет РМ-ЕУ во претстојниот период.

Во рамки  на посетата копретседавачот Петерле оствари средба и со членовите на Мешовитиот Парламентарен Комитет РМ-ЕУ: г-ѓа Силвана Бонева, г. Владимир Ѓорчев, г. Антонијо Милошоски, г-ѓа Даниела Рангелова, г-ѓа Нора Алити како и г. Орхан Ибраими.

Во своето воведно обраќање копретседавачот Хасипи во свое име и во име на членовите му посака добредојде на г. Петерле, како и благодарност за покажаниот интерес и подршката за разрешување на политичката криза во Макеоднија.

Копретседавачот Петерле изрази задоволство од средбата, воедно посочи дека нивна желба и цел е политички развој кој би ја стабилизирал Македонија, целосна и нормална работа на Собрнаието како и подршка за европската перспектива на Македонија.

Пратениците разменија мислења и ставови за отсутвото на опозицијата во парламентот, неодамнешните случувања во Куманово, спорот со името како и улогата на пратениците во развој на политичкиот процес.

Господин Петерле изрази надеж дека покажаната политичка волја на сите субјекти за враќање на политичкиот дијалог во Македонија со европското посредништво ќе донесе резултати.

Делегацијата посака што е можно побрзо да профункционира Мешовитиот Парламентарен Комитет во полн состав во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ.

Click