Делегации

Среда, 20 мај 2015 година

Обраќање на заменик-министерот за надворешни работи на Република Македонија, г-ѓа Драгана Кипирјановска

Почитувани екселенции,
Почитувани пратеници,
Дами и господа,

Ја имам честа и задоволството, денес, во име на Министерот за надворешни работи, и во свое лично име, да ви посакам добредојде во нашиот законодавен дом, местото во кое почива најголем дел од демократскиот дискурс и пракса на сите држави во Европа.

Република Македонија оваа година во улога на престедавач со Централно-европската иницијатива има извонредна можност директно да придонесе во градењето на севкупната регионална политика во просторот на Југоисточна Европа, но и во пошироки размери. Како најстар, најреспективен и најголем меѓувладин форум во регионални рамки кој на врвот на својата агенда, ја поставува токму промоцијата на регионаланта соработка во насока на ЕУ интеграција, Централно европската иницијатива е уникатен пример за поттикнување и натамошно јакнење на кохезијата и интеграцијата меѓу Европската Унија и земјите кои сѐ уште не се дел од европското семејство.

Исклучителната заложба на ЦЕИ за поддршка на сопствените членки на патот на евроинтеграцијата, како стратешка определба, отвора нов простор за зајакнување на соработкта по конкретни прашања и со фокус на конкретни области.

Оддржувањето на овој состанок во рамки на Парламентарната димензија на ЦЕИ е важен индикатор кој уште еднаш, ја потврдува стратешката определба на РМ за континуирано и активно промовирање на политиката на развивање добрососедски односи и афирмација на Република Македонија како полноправен актер во креирањето на регионалната соработка.

Градењето на принципите на европското семјество и нивното зачуваување особено во силниоит дух на парламентарната моќ, која во себе ги апсорбира и интерпретира широките граѓански очекувања, е дел од мозаикот во кој оваа димензија на ЦЕИ се труди секоја година да донесе некој нов сегмент кој ќе ја збогати  целата слика.

Интересот на Република Македонија за еден од најновите инструменти на ЕУ, во кој постојат силни заложби и тенденции на соработка во регионален контекст, се покажа како клучен елемент, во рамки на своето претседавање да го избере значењето на макрорегионалните стратегии на ЕУ. Ова оттаму што и самата исклучителна заложба на ЦЕИ за поддршка на сопствените членки на патот на евроинтеграцијата, како стратешка определба, отвора нов простор за зајакната соработка по конкретни прашања и во конкретни области.

И токму во насока на потенцирање на значењето на регионалната соработка и вклучувањето на сите земји од Регионот во регионалните стратегии и иницијативи, како алатка за ефикасен процес на евро-интеграција, денес, очекувањата се дека ќе се фрли еден нов поглед и една нова димензија во утврдувањето на можностите, но и генерално, на улогата на Парламентите во креирањето не европските политики.

Веќе донесените Јадранско-јонска, Дунавска и Балтичката макрорегионална стратегија испратија јасен сигнал дека ЕУ очекува поголема улога од регионален аспект и со тоа зголемен удел на сите регионални иницијативи и организации чија крајна цел е развојот и соработката.

Не треба посебно да се нагласува колкава е битноста од поврзувањето на прекуграничните простори. Кристално јасно е дека се работи за особено важен дел кој воспоставува силна врска помеѓу постоечките регионални проекти, но и уште поголемата потреба за финасирање и средства. Токму целта на денешнава тематска средба е да се надминат сите бариери кои го спречуваат или го забавуваат на своевиден наин, процесот во кој регионалната соработка треба да даде конкретни резултати.

Централно европската инцијатива како мост кој ги поврзува сите макрорегиони во овој дел на Европа овозможува широка политичка, но и економска рамка за воспоставување на соработка и тоа онаму кадешто таа можеби, се појавува како заложник на одредени дополнителни фактори.

Овој пример не и е атипичен и на Република Македонија, која како активен партнер и чинител во регионалната политика на Југоисточна Европа, независно од тековните (политичко-безбедносни) премрежија низ кои минува, останува доследно посветена на својата агенда, како - земја кандидат за членство во ЕУ, но и единствена земја-кандидат која, не по своја вина, засега останува надвор од Макрорегионалните стратегии на ЕУ.

Ваквиот неинклузивен пристап во креирањето на политиките предизвикува Република Македонија да мора да креира и искористува индиректни патишта за сопствена вклученост, особено во проекти и концепти кои и по Берлинскиот процес, јасно ставија на знаење дека овој регионален принцип треба да се заснова врз својата главна компонента, а тоа е целосна вклученост и сеприсутност на сите.

Токму на таа линија, ЦЕИ со својот капацитет и искуство претставува одлична прилика за дефинирање на една нова концептуална политика и исцртување/трасирање пристап кој ќе овозможи надминување на своевидните празнини во просторот на Западниот Балкан.

Ова, отаму што, инфраструктурните и социјалните мерки за унапредување на животот на сите како и целосно и конечно надминување на бариерите помеѓу идните ЕУ аспиранти и оние кои веќе се вдомија во Европското семејство, се дел од мерките кои водат кон целосно исполнување на вистинските желби и аспирации на сите.

И низ сиве овие политички заложби, јасно се исцртува и влијанието и можната улога на Парламентите, на оние законодавни тела кои ги пренесуваат најзначајните пораки од граѓаните.

РМ има силен интерес сите покренати дискусии, независно од тоа каде тие ќе бидат покренати, на домашно парламентарно тло или во рамки на Еропскиот парламент, да бидат насочени кон истакнувањето на потребата за влкученост на сите од Регионот во секоја политика на ЕУ, во секоја конкрента мерка на стратегиите, и да претставуваат комплементарен дел од една нова силна дефиниција која ќе нѐ опфати и нас како интегрален дел.

Фокусот на Западниот Балкан, како и потребата од финиширање со Европската интеграција, се дел од мерките и политиките кои треба да градат и да развијат силно чувство на регионална одговорност и сопственост. Но тоа не е можно доколку не постои координирана и добра политичка пракса како во примерот на работата на ЦЕИ и нејзиниот Секретаријат во Трст.

Особено ја поздравувам улогата на Италија и Австрија кои како најзначајни контрибутори во оваа регионална иницијатива активно и билатерлано се насочени кон унапредување и збогатување на врските и соработките со целиот регион.

Република Македонија и Министерството за надворешни работи оваа година ќе се потрудат, во духот на заедничката регионална соработка, да го унапредат квалитативниот пристап во дикусиите на различните сегменти од форматот на ЦЕИ. Покрај вашиот состанок, Министерството за надворешни работи деновиве е и домаќин на меѓународната коференција на тема “European integration through Regional cooperation- the perspectives of the macro regional strategies”, а дополнително се очекуваат и други настани кои во својот воведен или главен дел ќе ги имаат стратегиите на ЕУ како концепт кој треба да се доразвие и унапреди.

На крајот, посакувајќи ви добра работа, дозволете ми уште еднаш да ви се заблагодарам за вашата лична контрибуција како парламентарци што напорно и целосно се трудите да ги зачувате основните постулати на демократското битисување.

Овие принципи и тенденции за регионална соработка градат силен механизам за придвижување на регионот за унапредување на сите сфери од нашето секојденвие и на крајот за исполнување на еворпскиот сон за силна и просперитетна Европа без граници, во која народите соработуваат и заедно ја градат својата иднина. 

Click