Делегации

Четврток, 10 декември 2015 година

Обраќање на г-ѓа Ермира Мехмети, претседател на Комисијата за европски прашања на Парламентарното собрание на ПД ЦЕИ 

Дами и господа,
Почитувани гости,
Почитувани колеги,

На почетокот сакам да изразам целосна поддршка на ваквите регионални иницијативи и да упатам благодарност за интересирањето на земјите учеснички и колегите пратеници да ислушаат и да станат учесници во нешто што стана најновиот предизвик на Република Македонија, а тоа е справувањето со големиот број на бегалци и мигранти. Тука одговорот е дека ова не е проблем на Република Македонија, но бидејќи ние станавме влезна порта и земја приемничка за понатамошно транзитирање на големиот бран и долгите редици на бегалци од Средниот Исток, вознемиреноста, грижата и нашиот ангажман како политичка елита е во поголема готовност и секако ангажманот на државното раководство да се најде поддршка од меѓународната заедница, особено Европската унија за поуспешно справување со овој проблем.

Почитувани присутни,

Во околностите во кои поминува светот, некогашната мисла на Еврипид, според кој Не постои поголема грижа од таа за сопствениот дом, не изгубила ништо од своето значење, туку напротив оваа идеја не обврзува сите нас да ја обезбедиме сета можна помош, поддршка и заштита на оние кои со причина се чувствуваат загрозени и ги имаат напуштено сопствените домови, своите родни места и држави и да побараат азил во некоја друга држава. Во услови кога миграцијата се претвора во светски феномен и кога степенот на глобализација е во пораст и Европа е пред една длабока и силна пресија од мигрантите и многуте баратели на азил, не може да се оспори потребата од градење на еден систем за социјална поддршка и социјално интегрирање на емигрантите, кои престојуваат на пријавен легализиран начин во друга држава.

Република Македонија во 90-тите години се соочи со бран бегалци од подрачјата кои беа културно поблиски до нас, поточно со бегалци од земјите на поранешна Југославија: од Босна повеќе од 300 000, потоа од Косово и актуелно сме земја која прифаќа баратели на азил од Сирија, Авганистан, Ирак, Пакистан. Неопходно е да се изгради систем кој ќе одговори на потребите на бегалците и ќе имплемнтира европски стандарди за социјална заштита на Бегалците и нивна интеграција во општеството.

На нашата прва јавна расправа, организирана на моја иницијатива, на почетокот на летото оваа година, реално нашето општесто како да беше изненадено од случувањата. Во тоа време бројките на бегалците беа пониски и истите се движеа во мали групи. Бевме сведоци на феномен што беше вознемирувачки, заради нивното движење пеш или со велоспипеди и на илегални начини на минување, движејќи се покрај пруги за да излезат на најсеверната гранична точка. Тоа ја поттикна потребата од парламентарна дебата и подговорен одговор од надлежнтие институции. Во септември имавме над 10.000 мигранти кои ја преминаа нашата граница, што ја доведе РМ да објави вонредна состојба во менаџирањето и справуавњето со бегалците кои доаѓаат од Средниот Исток. Имајќи предвид дека Република Македонија е членка на Советот на Европа и на Советот на правата на човекот во рамките на ОН и кандидат за членство во ЕУ, веруваме дека е неопходно обезбедување на заеднички пристап во справуавњето со овој проблем. Мини-Самитот на лидерите од Западен Балкан со лидерите на ЕУ и дефинирањето на Акциски план и финасиски средства за имплементација на истите,  е акција што треба да се поздрави и која се надеваме ќе ги даде потребните резултати за поефикасно справување со настанатата ситуација. Веруваме исто така дека е неопходно политичко усогласување на дејствувањето на домашните институции со ЕУ и со Високиот комесаријат за бегалци и УНХЦР и со други организации кои се во Република Македонија, особено на приемната точка и во градењето на кампови кои нудат помош на бегалци. Исто така, во  Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија, во поглавјето 7 за Правда и внатрешни работи, членот 75 предвидува меѓусебна соработка во областа на азилот, преку имплементација на национално законодавство во согласност со стандардите на Ковенцијата за статусот на бегалците.

Република Македонија како прифатна точка има потреба од помош, која навреме ќе биде дадена од стана на ЕУ, особено финансиска поддршка од ЕУ за справување на новонастанатата ситуација и за зајакнување на прифатните центри и нивно непречено функционирање, со дел да се справиме со многу вознемирувачката ситуација со мигрантите.

Почитувани присутни,

Несомнено тоа што се случи во ноември во Париз, тоа е координираниот напад, се чини дека ја постигна својата главна цел, конфликтот на забрзан начин се развива и се заканува да не повлече сите нас надолу. Во меѓувреме, од некои изјави и активности се чини дека се повеќе и поевидентен е фактот дека прокламираните западни вредности се ставени пред основен прашалник и пред сериозен предизвик, кое го поставува ова сериозно прашање пред политичарите: Како ќе се справивме со оваа голема промена која што се случува на светот? Оптимист сум дека драматичната слика на овие страдалници ќе може да се ублажи преку заеднички, координиран ангажман во регионални рамки како прв степен и во глобални рамки како втор степен.

Во текот на летото, во рамките на Парламентарното собрание на Советот на Европа, токму на оваа тема, говореше и генералниот секретар на Обединетите нации, г. Бан Кимун, којшто прокламираше дека правата на бегалците се всушност права на човекот. Јас верувам дека оваа негова изјава треба да биде доволно инспиративна за раководствата на националните држави на стариот континент, за навраќање кон основните вредности за кои сите ние со толкава гордост и достоинство се идентификуваме и говориме и да дадеме најдобар одговор да помогнеме во една несреќа на граѓаните на Сирија и Блискиот Исток.

Во посакувам успешна работа и сметам дека оваа регионална иницијатива нема да биде целосна без опфаќање и учество на сите земји од регионот, како рамноправни и полноправни земји членки.

Ви благодарам. 

Click