ЈАНИ МАКРАДУЛИ
 
 


    
 

 


   
   Член на СДСМ Роден 1965 година во Битола, РМ. Македонец. Магистер по технички науки. Бил пратеник и во претходниот состав на Собранието на РМ. Координатор на ПГ на СДСМ и член на Мешовитиот парламентарен комитет за соработка со Европскиот парламент. Добро зборува англиски јазик, се служи со грчки и италијански. Живее во Скопје.



                                                          

                                                            ИВАН АНАСТАСОВСКИ
 
 


    


 
   


   Член на СДСМ Роден 1973 година во Куманово, РМ. Македонец . Доктор на науки. Седум години вработен на факултетот за физичка култура во Скопје, каде што обавува функција доцент на Методика на физичко воспитание и четири години тренер на кошаркарскиот клуб "Куманово" од Куманово. Учи англиски. Живее во Куманово.



 
                                                        ИГОР ИВАНОВСКИ
 
 


    
 

 


   
   Член на СДСМ Роден 1977 година во Скопје, РМ. Македонец. Има високо образование. Работел во Економски факултет, како помлад асистент Скопје. Добро зборува англиски, учи германски јазик. Живее во Скопје.




                                                                      ЕСАД РАХИЌ 
  
 


     

 

 


 
   
   Член на СДСМ. Роден 1964 година во Скопје, РМ. Бошњак. Има високо образование. Директор на маркетинг во "Орка спорт", заменик генреален директор на ЈП "Улици и Патишта", и заменик генреален директор на ЈП "Водовод и Канализација", Скопје. Зборува добро англиски. Живее во Скопје.



  
                                                            ЃОРЃИ ОРОВЧАНЕЦ
  
 


    
 
  

 


   Член на ВМРО-НП. Роден 1951 година во Прилеп, Р. Македонија. Македонец. Доктор на медицински науки. Доцент на Медицински факултет. Бил директор на О.Р.Л. Клиники и Министер за здравство. Добро го знае англискиот јазик. Живее во Скопје.



 
                                                       БОРИС КОНДАРКО
 
 


    
 

 


   
   Член на СДСМ. Роден 1973 година во Скопје. Македонец. Завршил Правен факултет. Работел како адвокат. Живее во Скопје.
     



                                                                                                         

                                                               АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ
 
 


    
 

 


   
   Член на ЛДП. Роден 1968 година во Скопје, Р. Македонија. Македонец. Висока школска подготовка. Работел како заменик претседавач во Советот на Град Скопје и како советник на градоначалникот на Град Скопје. Добро го знае англискиот јазик. Живее во Скопје.




АБДУЛАДИ ВЕЈСЕЛИ

 

 

 

 

 

Член на ПДП Роден 1964 година во Тетово, РМ. Албанец. Завршил Филолошки факултет. Бил професор во училиште, а работел и во приватното претпријатие "Минас" во Тетово. Се служи со англискиот јазик. Бил пратеник на ПДП во Собранието на РМ и во претходните два мандата од 1994 до 2002 година. Живее во Тетово.




ЗЕЈДИ ЏЕЛИЛИ

 

 

 

 

 


 




ЏЕЛАДИН ШАТКУ

 

 

 

 

 

Член на ДУИ. Роден 1956 година во Гостивар, Р. Македонија. Албанец. Висока школска подготовка. Работел во ДПТУ "Бунар- Петрол" во Гостивар. Се служи со англискиот јазик. Живее во Гостивар.




ХАЗБИ ЛИКА

 

 

 

 

 

Член на ДУИ, претседател на партискиот огранок во Тетово, Р.Македонија. Албанец. Роден 1972 година во Тетово. Висока школска подготовка. Живее во Тетово. На 27.06.2003 е назначен на местото заменик министер за внатрешни работи.




СЛОБОДАН ДАНЕВСКИ

 

 

 

 

 

Член на ЛП. Роден 1957 година во Свети Николе, РМ. Македонец. Завршил Електротехнички факултет. Раководител на Автоматската телефонска централа - Свети Николе. Се служи со англискиот, рускиот и германскиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ во мандатниот период од 1994 до 2002 година. Живее во Свети Николе.




ОРДАНЧО ТАСЕВ

 

 

 

 



Член на пратеничката група на независни пратеници. Роден 1952 година во Кавадарци, Р. Македонија. Македонец. Висока школска подготовка. Бил директор во ЕСМ ХЕЦ "Тиквеш", директор на ТУП „Вишешница“ и претседател на ФК „Тиквеш“ во Кавадарци. Живее во Кавадарци.

  

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ

 

 






   
Член на ВМРО- ДПМНЕ. Роден 1956 година во Скопје, Р. Македонија. Македонец. Завршил Машински факултет. Работел во МЗТ "Хепос"- Скопје и во сопствена компјутерска фирма "ТДК- системи". Бил пратеник во претходниот парламентарен состав. Се служи со англискиот јазик. Живее во Скопје.




СЛОБОДАН НАЈДОВСКИ

                      ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Член на ЛДП Роден 1961 г. во с. Добровени, РМ. Македонец. Има високо образование.

Професионална кариера

  • Од 1986 до Октомври 1988 бил во поранешниот Сојуз на Социјалистичката младина на Југославија во секторот за агроиндустриски комплекс.
  • Од 1990 до 1994 - Комерцијалист и Раководител на комерција на Битолска пивара.
  • Од 1994 до 1998 - Пратеник во Собранието на Република Македонија.
  • Од 1999 до 2002 - Директор на Ј.П.Пазари - Битола.
  • Од 2002 - Актуелен пратеник

Политичка кариера

  • Активист во поранешниот Сојуз на Социјалистичка младина од кои 2 години професионално ја обавува функцијата.
  • Еден од оснивачите на младата прогресивна странка која подоцна го променила името во Либерална Партија.
  • Претседател на општинската организација на Либерална Партија од 1993 до 1997
  • Член на централниот одбор на Либерално Демократска Партија
  • Член на Извршен одбор на Либерално Демократската Партија.     




ЃОРЃИ СПАСОВ     

 

 

 

 

 

Член на СДСМ Роден 1949 година во Неготино, РМ. Македонец.
Доктор по политички науки. Работел во Институтот за социолошко-правни истражувања.
Научен соработник на Универзитетот до 1994; Потоа редовен професор.
Амбасадор на РМ во Р. Бугарија (1994-1997); министер за правда (1997-1998). Бил пратеник и во претходниот состав на Собранието на РМ. Добро зборува англиски јазик. Живее во Скопје.




НЕВЗАТ БЕЈТА

 

 

 

 

 

Член на ДУИ. Роден 1961 година во с. Диф, Р. Македонија. Албанец. Висока школска подготовка. Работел како професор во Гимназијата во Гостивар. Живее во Гостивар.

  

ЌЕНАН ХАСИПИ

 

 






   
Претседател на Демократската партија на Турците на Македонија. Турчин. Роден 1955 година во с. Врапчиште- Гостивар, Р. Македонија. Завршил специјалистички студии по интерна медицина. Работел како специјалист- интернист во Медицинскиот центар во Гостивар. Бил пратеник во вториот парламентарен состав Се служи со францускиот јазик. Живее во с. Врапчиште.



 

АНА АНДОВА

 

 

 


 

Член на СДСМ Родена 1956 година во Кавадарци, РМ. Македонка. Има високо образование. Работел во "ФЕНИ индустриес", Кавадарци. Добро зборува англиски јазик. Живее во Кавадарци.



 

АНГЕЛ ДИМИТРОВ

 


  
 


     
 
   
Член на СДСМ. Роден 1960 г. во Св. Николе, РМ. Македонец. Има завршено Економски факултет. Работел како финансиски директор во АД “Мода” Св. Николе и како извршен директор во истото претпријатие. Добро зборува руски, се служи со германскиот, а учи англиски јазик. Живее во Св. Николе.



     
  

АНГЕЛКА ПЕЕВА-ЛАУРЕНЧИЌ

 

 






   
Член на ЛДП. Родена 1969 г. во Штип, РМ. Македонка. Има високо образование. Имала професионален ангажман во делот на промоцијата, односите со јавноста и маркетингот во агенцијата Идеа плус ДДБ. Добро зборува англиски. Живее во Скопје.



     
  

БЛАГОЈ ГОЛОМЕОВ 

 

 






   
Член на ЛДП. Роден 1957 г. во Штип, РМ. Македонец. Доктор по технички науки. Работел како раководител на производство во рудникот Бучим, Радовиш, како соработник во рударскиот институт, Скопје, од 1987 вработен во Рударско-геолошкиот факултет во Штип, прво како асистент, од 1997 доцент а од 2002 вонреден професор на катедрата за минерална технологија. Добро зборува англиски, а се служи со рускиот јазик. Живее во Штип



 

 

Бранко Црвенковски

 

 

 

Роден е 1962 година во Сараево. Македонец. Завршил Електротехнички факултет. Вработен во “Семос” во Скопје. Живее во Скопје.

  

ЦВЕТАНКА ГАШОСКА 

 

 






   
Член на СДСМ Роден 1950 година во Охрид, РМ. Македонка. Има високо образование, доктор по медицина. 20 години работела во општа служба во Медицинскиот центар - Охрид и 7 години во приватна - сопствена ординација. Се служи со англиски јазик. Живее во Охрид.



ЦВЕТАНКА ИВАНОВА

 

 

 

 

 

 

 

Член на СДСМ. Родена на 4 јуни 1958 година во с. Загорани, Прилеп. Македонка. Дипломиран правник. 
      
Активности во Собранието

  • Комисија за уставни прашања, член
  • Законодавно-правна комисија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската Федерација, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, член
     





 

ЦВЕТЛЕ ЈАНЕСКА

 

 

 

 

Член на СДСМ Родена 1947 година во с. Октиси, Струга, РМ. Македонка. Има високо образование. Работела во Дистрибуција, Струга, како раководител на план, развој, инвестиции и техничка документација. Се служи со француски јазик. Живее во Струга.



 

ДРАГАН ЃОРЃИЕВ

 

 

 


 

Член на СДСМ Роден 1968 година во Ново Село, РМ. Македонец. Дипломиран Електро инженер. Сопственик на приватна фирма МАСТЕР -ДООЕЛ. Се служи со француски, учи англиски јазик. Живее во Ново Село.




ЕЛЕОНОРА ПЕТРОВА МИТЕВСКА    

 

 

 

 

 

Чпен на СДСМ. Родена 1952 во Скопје, РМ. Македонка. Доктор по археолошки науки. Работела како кустос, виш кустос, кустос советник во музејот на Македонија, како виш научен соработник, научен советник-редовен професор во ИНИ. Добро зборува англиски а се служи со италијанскиот и францускиот јазик. Живее во Скопје.




ИЛИЈА ФИЛИПОВСКИ













Член на СДСМ Роден 1941 година во Ростуше, РМ. Македонец. Има високо образование. Директор на увоз-извос "Охис" и комерцијален директор. Потпретседател на Извршен совет на СРМ, приватен стопанственик во Австрија, а потоа во Република Македонија. Бил пратеник во претходниот состав на Собранието на РМ и заменик потпретседател на Владата на РМ. Се служи со англиски и руски јазик. Живее во Скопје.



  
ИЛИНКА МИТРЕВА

 

 

 

 




Член на СДСМ. Родена 1950 година во Скопје, Р. Македонија. Македонка. Доктор на филолошки науки. Универзитетски професор. Била пратеник во двата претходни парламентарни состави. Била министер за надворешни работи. Добро ги знае францускиот, англискиот и италијанскиот јазик. Живее во Скопје.





 




ИВАН СТОИЛКОВИЌ     

 

 

 

 

 

Претседател на Демократската партија на Србите во Македонија. Србин. Роден 1962 година во Куманово, Р.Македонија. Висока школска подготовка. Бил претседател на ОК ССММ Куманово. Работел во приватно стопанско претпријатие. Живее во Куманово.

 

  

ЈАНАЌЕ ВИТАНОВСКИ 

 

 






   

Член на СДСМ Роден 1955 година во Скопје, РМ. Македонец. Има високо образование. 1984-1986, секретар во А.Д. фабрика за градежни материјали; 1986-1990, секретар на Извршен совет - Неготино; 1991-2002, секретар на " Здружение на возачИ", Неготино. Живее во Неготино.




ЈОРДАН МИХАЈЛОВСКИ     

 

 

 

 

 

Член на СДСМ Роден 1948 година во Сараево, БиХ. Македонец. Дипломиран професор по филозофија. Работел како директор на домот на култура во Крива Паланка (1980-2000 г.); основач и раководител на Меѓународната ликовна колонија "Св. Јоаким Осмовски" (1987-2002). Се служи со англиски јазик. Живее во Крива Паланка.




                                                       

                                             JОВАН МАНАСИЕВСКИ     



  
 


Претседател на ЛДП. Роден на 21 мај 1968 година во Гостивар. Македонец. Добро го знае англискиот јазик. Живее во Скопје.Дипломиран социолог. Беше министер за труд и социјална политика и министер за одбрана во периодот 2002-2006 година.
     
  
   
Активности во Собранието:

  • Буџетски совет на Собранието, заменик претседател
  • Комисија за финансирање и буџет, претседател
  • Комисија за труд и социјална политика, заменик член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Собранието на Западноевропската унија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Финска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентите на Република Малта и Република Кипар, член 

     













 

КАМЕ ПЕТРОВ

 

 

 


 

Член на СДСМ Роден 1950 година во Велес, Р.М. Македонец. Има високо образование. Работел како директор на Хидросистемот "Лисиче", Велес и како адвокат. Се служи со францускиот јазик. Живее во Велес.



 

КАРОЛИНА РИСТОВА

 

 

 



РОДЕНА: 30.09.1970, Радовиш, Република Македонија;

ОБРАЗОВАНИЕ:

  • 1994 - Дипломиран правник (правосудна насока), Правен факултет-Скопје, Универзитет Св.Кирил и Методиј;
  • 1996 (Јули-Август) - Хашка Академија за меѓународно право (меѓународно јавно право), Хаг, Холандија (уверение за посетување);
  • 1998 - (Јули -Август) - Универзитетска програма за транснационално право на Правен факулет на Универзитетот Дјук (САД) и Правен факултет на Универзитетот во Женева (Швајцарија): (уверение за положени испити: Меѓународно кривично право, Компаративно уставно право, Вовед во американското право);
  • 2000 -Магистар по меѓународно и компаративно право (со почесна деноминација"со истакнување"), Правен факултет, Универзитет Џорџтаун, Вашингтон, САД; (Магистерска теза: "Правните аспекти на проширувањето на ЕУ и Балканските држави");
  • Во тек: Магистерски студии од областа на правно-политичките и политичките науки со одобрен магистарски труд на тема: "Феминистичките теории за политиката" на Правниот факултет "Јустинијан Први", Универзитет Св. Кирил и Методиј;

ПРОФЕСИОНАЛНА КАРИЕРА:

(1995-1998) - Демонстратор (1998-2002 / тековно во мирување) и помл. асистент на Правниот факултет "Јустинијан Први" на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј"; Преку 15 објавени стручни и научни трудови во домашни и странски научни публикации (вклучително и од издавачката куќа Oxford University Press) во областа на научен и истражувачки интерес: меѓународно и компаративно право, право на ЕУ, правна и политичка теорија/филозофија, женски студии; Учество на над 10-ина научни и стручни семинари во земјата и странство.

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА:
    Партиска кариера:

  • 992-1995: Член на Извршниот одбор на СДММ (сектор за женски прашања; меѓународна соработка);
  • 1993-1995: Член на ЦО и Претседателство на СДСМ;
  • 1998-2002: Член на ЦО на СДСМ; Член на Комисијата за меѓународна соработка на ЦО СДСМ;
  • 2002- тековно: Член на ЦО СДСМ и член на Претседателството на ЦО СДСМ (по функција);
  • 2003-тековно: В.Д. Меѓународен Секретар на СДСМ;

АНГАЖМАНИ И ФУНКЦИИ ВО ЛОКАЛНАТА И ЦЕНТРАЛНАТА ДРЖАВНА ВЛАСТ:

  • 1996- Кандидат на листата за советници за Советот на Општината К. Вода, локални избори (неизбрана);
  • 1996-2000: Надворешен член на Комисијата за статутарно-правни прашања на Советот на К.Вода (преставник на СДСМ);
  • 2000-2002: Член на Советот на Град Скопје (Претседател на Комисијата за :меѓународна соработка, член на Комисијата за правни прашања);
  • 2002-2006: Пратеник во Собранието на Р.М (пратеничка група на СДСМ; известител на пратеничката група за надворешна политика и евроинтегрции);
  • Собраниски комисии: претседател на Комисијата за европски прашања (2003-тековно); Комисија за надворешна политика (2002-тековно); Заменик-претседател на Комисијата за уставни прашања(2002-тековно); Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните (2002-2003);
  • Собраниски делегации: Член во Делегација во Интерпарламентарната Унија (2002-тековно); Потпретседател на Делегацијата за соработка со Европскиот парламент (2002-2003);

ЈАЗИЦИ: Македонски, Српски/Хрватски, Англиски, Германски (пасивно);
      



 

КОСТА ПРЕШОСКИ

 



     
 
   
     
      
   
Член на СДСМ Родена 1950 година во Крушево, РМ. Влав. Има високо образование. Професор по математика во ДСУ "Наум Наумовски Борче", Крушево. Од 1996-1999, директор на истото училиште. Се служи со француски, учи анмглиски јазик. Живее во Крушево.

  

КИРЕ ГЕШТАКОВСКИ

 

 





 

Член на СДСМ Роден 1954 година во с. Јанковци, Ресен, РМ. Македонец. Има високо образование. Доктор-специјалист по педијатрија, вработен во Здравствениот дом Ресен, детско одделение. Претходно, од 1991-1994 заменик на директор, а од 2001-2002, директор на Здравствениот дом во Ресен. Се служи со француски, учи англиски. Живее во с. Јанковци, Ресен.
      



     
  

ЛИЛЈАНА ИВАНОВСКА 

 

 






   
Член на ЛДП Родена 1961 година во Струмица, РМ. Македонка. Има високо образование. Архитект. Работела во ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, како технички раководител. Се служи со англиски јазик. Живее во Струмица.



    
  
 

ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА

 

 



    
 
Претседател на ДОМ. Родена на 24.5.1956 година во Прилеп. Македонка. Инженер технолог, магистер по технички науки. Беше пратеник и во парламентарниот состав од 2002 до 2006 и потпретседател на Собранието на РМ.      
    
Активности во Собранието  

  • Совет на Собранискиот канал, член
  • Комисија за надворешна политика, член
  • Комисија за европски прашања, заменик претседател
  • Комисија за труд и социјална политика, заменик-член
  • Комисија за еднакви можности на жените и мажите, претседател
  • Комисија за локална самоуправа, член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Собранието на Западноевропската унија, заменик член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на балтичките земји: Естонија, Летонија и Литванија, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, член


 

МИТЕ НИКОЛОВ

 

 

 


 

Член на СДСМ. Роден 1949 година.



      
 

НАТАША БИКОВСКА

 

 

 

  


Член на СДСМ Родена 1962 во Берово, РМ. Македонка Има високо образование. Работела две години како Републички санитарен и здравствен инспектор, а десет години како доктор на медицина Брза помош во Здравтвен дом Берово.Добро се служи со Рускиот јазик. Живее во Берово. Роден 1949 година.



 

НЕЖДЕТ МУСТАФА

 

 


 

 

Претседател на Обединета партија за еманципација. Роден 1962 година во Скопје. Ром. Професор по филозофија. Добро го познава германскиот јазик. Живее во Скопје. 


  



 

НИКОЛА АПОСТОЛОВСКИ

 

 

 

 

Член на СДСМ Роден 1958 г. во Делчево, РМ. Македонец. Дипломиран инженер по хемија. Работел во Министерството за одбрана-Подрачна единица во Берово. Се служи со францускиот јазик.Живее во Делчево.



 

НИКОЛА Б. КАМЧЕВ

 

 

 

 

Член на СДСМ Роден 1940 година во Гевгелија, РМ. Македонец. Магистер по медицински науки. Работел во ЈЗО Здравствен дом, Радовиш како лекар. Потоа, 4 години како специјалист, а од 1978 гинеколог-акушер. Се служи со руски и француски јазик. Живее во Радовиш.



 

НИКОЛА ПОПОВСКИ

 


  
 


     
    

Роден на 24 Мај 1962 година во Скопје
     
Основно и гимназиско образование завршил во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје. На истиот факултет магистрирал на тема "Економски основи на информациското општество".
     
Работел во Министерството за развој на Владата на Република Македонија. Од 1986 до 1990 година бил член на Собранието на град Скопје. Од 1992 година е пратеник во Собранието на Република Македонија. Бил претседател на Комисијата за надворешна политика, Комисијата за екологија, млади и спорт и Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија. Од 1998 до 2002 година е координатор на Пратеничката група на СДСМ.
     
Член е на Парламентарното собрание на Советот на Европа од 1993 година, а во одреден период и шеф на македонската делегација. Членувал во повеќе комисии во Собранието на Советот на Европа во Стразбур.
     
Автор е на стручни трудови во домашни и меѓународни списанија. Објавил и две книги од економска и политичка проблематика.
     
Зборува англиски јазик.
На 07.11.2003 година е избран за министер за финансии.



     
  

ПЕТАР АПОСТОЛОВ

 

 






   
Член на ЛДП Роден 1953 г. во с. Марвинци, Валандово, РМ. Македонец. Има високо образование. Работел во Медицинскиот центар - Гевгелија, најпрво како општ лекар, а сега, како специјалист по општа хирургија. Три мандати бил член на Советот на Општина Гевгелија. Живее во Гевгелија..



 

ЉУПЧО ЈОРДАНОВСКИ


ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

 


Датум и место на раѓање:13 февруари 1953, Штип, Република Македонија

Брачен статус: Оженет, татко на три деца

Образование:

1975: Електротехнички факултет, Загрепски универзитет, Загреб, Хрватска, дипломиран електротехнички инженер;
1976: Математички факултет, Загрепски универзитет, Загреб, Хрватска, Катедра за применета математика;
1978: Електротехнички факултет, Загрепски универзитет, Загреб, Хрватска, магистерски труд;
1985: Катедра за градежништво на Универзитетот Јужна Калифорнија, Лос Анџелес, Калифорнија, САД, докторска дисертација;

Академски звања:

1998 - 2003: редовен професор при Сеизмолошката опсерваторија, Институт за физика на Природно-математичкиот факултет, Универзитет "Свети. Кирил и Методиј", Скопје, Република Македонија;
1995 - 1999: редовен професор на Рударско-металуршкиот факултет, Универзитет "Свети Кирил и Методиј", Штип, Република Македонија;
1992-1995: вонреден професор при Сеизмолошката опсерваторија на Природно-математичкиот факултет, Универзитет "Свети  Кирил и Методиј", Скопје, Република Македонија;
1987- 1992: доцент при Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Универзитет "Свети Кирил и Методиј", Скопје, Република Македонија;
1978 – 1987: асистент при ИЗИИС - Скопје;
1982 – 1985: асистент на Катедрата за градежништво на Универзитетот на Јужна Калифорнија, Лос Анџелес, Калифорнија;

Професионални ангажмани:

1992 - 2001: раководител на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, Универзитет "Свети Кирил и Методиј";
1978 – 1991: истражувач, Оддел за регионални сеизмички студии, ИЗИИС – Скопје;

Специјализации:

1979: Дамес анд Мооре, Лондон, Обединето кралство;
1982: Шестмесечна стипендија на УНЕСКО на Одделот за земјотресно инженерство при Катедрата за градежништво на Универзитетот Јужна Калифорнија, Лос Анџелес, Калифорнија, САД;
1996: Едномесечна обука при Кинеметрицс Инц., Пасадена, Калифорнија, САД;
Експертски и консултантски мисии:

1988: Двомесечен престој во Мексико Сити, по земјотресот во 1985 во Мичоакан (Мексико);
1987-1989: Член на националната работна група Таск Гроуп 1 (ТГ1); земјотресен каталог, изосеизмички мапи и банки на податоци за силни земјотреси;
1991: Тримесечен престој како визитинг професор на Катедрата за градежништво при Универзитетот Јужна Калифорнија, Лос Анџелес, Калифорнија, САД;
1991: Едномесечен ангажман како консултант на УНЦХС-Хабитат ИРА/90/004,
1990 Манјил (Иран);
Политички ангажмани:

1991-1995: Член на Претседателството на СДСМ;
1995-1999: Член на Централниот одбор на СДСМ;
1999- 2003: Член на Претседателството на СДСМ и на Меѓународниот комитет на СДСМ;
2002: Пратеник и претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата;
2003: Претседател на Собранието на Република Македонија;

07.03.2004 - 12.05.2004: Вршител на функција Претседател на Република Македонија.
 



 

РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА ЈАНКОВСКА

 

 
  
 


     
 
   
Член на СДСМ. Родена на 10 јуни 1972 година во Скопје. Македонка. Дипломиран електроинженер. Магистер по меѓународни односи. Од 1998 до 2002 година беше пратеник. Од 2002 до 2006 година беше заменик претседател на Владата на РМ задолжена за европски интеграции.  

Добитник на наградата „Глобален лидер“ на Светскиот економски форум. 
Зборува англиски и француски јазик   
   
Активности во Собранието

  • Национален совет за евроинтеграции, претседател
  • Комисија за труд и социјална политика, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на САД, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Холандија, член

     
  

РАФЕТ МУМИНОВИЌ

 

 






   
Член на ДЛБМ Роден 1955 година во Пеќ, СРЈ. Бошњак. Има више образование. 16 години претставник на "Генералекспорт", Генекс, Белград. Сопственик на приватната фирма "Југомагнат". Зборува добро турски, албански и српски. Живее во Скопје.




РИСТЕ ВИСЛИМОВСКИ    

 

 

 

 

 


 



    
  
 

РОЗА ТОПУЗОВА КАРЕВСКА

 

 



    
 
Член на ЛДП. Родена на 26 јули 1954 година во Прилеп. Македонка. Дипломиран археолог-магистер по археологија.  
    
Активности во Собранието  

  • Совет на Собранискиот канал, член
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
  • Комисија за култура, член
  • Комисија за еднакви можности на жените и мажите, заменик член
  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, заменик член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Франкофонијата, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина, член

 

 


 



 

СЛАВИЦА ГРКОВСКА

 

 

 

 

Член на СДСМ. Родена 1970 година во Скопје, РМ. Македонка. Има високо образование. Помлад асистент по математика на Институтот за математика при Природно-математички факултет. Добро зборува англиски, се служи со руски и бугарски јазик. Живее во Скопје.




СЛАВЕ АРСОСКИ    

 

 

 

 

 

Член на СДСМ.Роден 1958 г. во с. Жел, Река, Гостивар, РМ. Македонец. Има високо образование. Во 1984 се вработил во Земјоделската задруга "Добра Вода", село Жел, Река, а од 1986 работел како професор во УСО Чеде Филиповски - Дане во Гостивар. Учи англиски. Живее во Гостивар.





СЛАВИЦА СТАНКОВСКА

 

 

 

 


Член на СДСМ Родена 1950 година во Куманово, РМ. Македонка. Има високо обазование Работно искуство од 26 години, од кои 1 година како времен управник во гимназијата "Гоце Делчев" во Куманово, 6 месеци како В.Д. директор, 2.5 години директор, остатокот како професор по хемија во гимназијата. Зборува доборо француски јазик. Живее во Куманово.



    
  
 

СОЊА ЛЕПИТКОВА

 

 



    
 
Член на ЛДП Родена 1963 година во Пробиштип, РМ. Македонка. Доктор на науки. Доцент на рударско - геолошкиот факултет во Штип. Професор на Катедрата за геохемија, петрологија и минералогија по предметот геохемија. Се служи со англиски, а учи француски јазик. Живее во Пробиштип.



СЛАВКО ПЕТРОВ

 

 

 

 

 

 

Член на ЛДП. Роден 1937 година во Велес, Р. Македонија. Македонец. Завршил Правен факултет со правосуден испит. Работел како судија на Основниот суд во Велес, и како адвокат. Се служи со руски јазик. Живее во Велес.



ТАЛЕ ГЕРАМИТЧИОСКИ

 

 

 

 

Член на СДСМ. Роден 1962 година во Прилеп. Македонец. Универзитетски професор. Доктор на науки. Дипломиран машински инженер. Добро го познава англискиот јазик. Живее во Прилеп
 




ТИТО ПЕТКОВСКИ

     









 

Претседател на НСДП. Роден 1945 година во с. Псача - Крива Паланка, Р. Македонија. Македонец. Завршил Правен факултет со правосуден испит. Работел во Општинскиот суд во Крива Паланка, како правник во Републичкиот завод за урбанизам, во Извршниот совет на Собранието на Град Скопје, бил на функција во Градскиот комитет на СКМ - Скопје. Бил потпретседател на Собранието на РМ во првиот парламентарен состав, пратеник во трите претходни парламентарни состави, а од 1996 година до третите парламентарни избори и претседател на Собранието на РМ. Добро го знае францускиот, а се служи и со англискиот јазик. Живее во Скопје. 
     
Активности во Собранието

  • Национален совет за евроинтеграции, член
  • Комисија за транспорт, врски и екологија, претседател
  • Комисија за уставни прашања, член
  • Комисија за одбрана и безбедност, заменик член

     


 

ТОМЕ ТРОМБЕВ

 


  
 


     
 

Член на СДСМ Роден 1961 година во Битола, РМ. Македонец. Има високо образование. 1985-1992 раководител на објекти ГП "Гранит" ОО Битола; 1992-1994 помошник на директорот, а од 1994-1997, директор на истото претпријатие; 1997-1998 министер на Министерство за урбанизам, градежништво о заштита на животна средина; 1998-1999 виш советник на претседателот на УО ГП "Гранит" АД; 1999-2001 координатор на проекти во Албанија, на ГП "Гранит" АД; 2001 заменик министер на МТВ. Добро зборува англиски јазик. Живее во Битола.



 

ВАНЧО ЃОРГИЕВ

 


  
 


     
 
   
Член на СДСМ Роден 1953 година во Кочани, РМ. Македонец. Има високо образование. Работел во АД Деликатес, Кочани. Се служи со француски и англиски јазик. Живее во Кочани.



 

 ТРИФУН КОСТОВСКИ

 

 

 

 


 Независен пратеник.  Роден 1946 година во Скопје, РМ. Македонец. Завршил Економски факултет. Од 1971-1989 работел во "Технометал-Вардар" Скопје; од 1989- 1991 во СИТКО-ЛУГАНО-Швајцарија; од 1991 сопственик на Кометал- траде, Виена. Добро зборува англиски и полски, се служи со руски, германски и француски јазик. Живее во Скопје.


 

 



 
  
ВЛАДО БУЧКОВСКИ

    

 

 


 

Член на СДСМ. Роден на 2 декември 1962 година во Скопје. Македонец. Доктор по правни науки. Универзитетски професор.Во 2002 година избран за пратеник. Во периодот од 2002 до 2004 година беше министер за одбрана. Од 2004 до 2006 година беше претседател на Владата на РМ.

Активности во Собранието

  • Комисија за уставни прашања, член
  • Комисија за одбрана и безбедност, заменик член
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за надворешна политика, член
  • Комисија за образование, наука и спорт, заменик член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Северноатлантската Договорна Организација, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Романија, чле


 

ВЛАДО ИЛИЕВСКИ

 


  
 


     
 
   
Член на СДСМ Роден 1957 година во Кичево, РМ. Македонец. Има високо образование. Работел во ЕСМ, подружница РЕК "Осломеј" како дипломиран електро-инженер во електрично одржување.
Од 1994-1999 година, ја обавува функцијата технички директор на ТЕ. Добро зборува руски, се служи со анлгиски јазик. Живее во Кичево.

  

ЏЕЗАИР ШАЌИРИ

 

 






   
Член на НДП. Роден 1965 г. во Танушевци, РМ. Албанец. Има средно образование. Добро зборува француски, англиски и германски јазик. Живее во Скопје.

  

ЗОРАН ТОМИЌ

 

 







   
Член на СДСМ Роден 1962 година во Тетово, РМ. Србин. Има високо образование. Работел како адвокат. Учи англиски јазик. Живее во Тетово.



 

ЖАРКО КАРАЏОСКИ

 


  
 


     
 
   
Член на ВМРО-НП. Роден 1962 година во Прилеп, РМ. Македонец. Завршил Правен факултет, со положен правосуден испит. Работел како правен референт и раководител на општ сектор, од 1995-1998 како адвокат. Бил пратеник и во претходниот состав на Собранието. Живее во Прилеп.
     



     
  

ЃОРЃИ ТРЕНДАФИЛОВ

 

 






   
Роден 1970 година во Велес.Во 1993 година дипломирал философија на Институтот по философија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.

  • 2005 година портпарол на РИШ на ВМРО-НП;
  • 2004 година пратеник во Собранието на Република Македонија;
  • 2001 - 2002 година портпарол на ВМРО;
  • 1999 - 2001 година портпарол на Министерството за одбрана;
  • Од 1990 член на ВМРО.


     
  

ЃОРГЕ ПАЛОШКОВСКИ

 

 






   
Член на ВМРО- ДПМНЕ. Роден 1948 година. Македонец. Завршил Виша земјоделска школа. Работел како референт во Управата за јавни приходи, бил референт во ПЕ на Министерството за земјоделие, водостопанство и шумарство, шеф на царинска испостава - Струмица и во Царинска Управа во Скопје. Претседател на ОК на ВМРО- ДПМНЕ на Струмица. Живее во Ново Село.



 

ЧЕДОМИР КРАЉЕВСКИ

 

 

 



Член на ВМРО-НП. Роден 1956 година во Куманово, Р. Македонија. Македонец. Завршил Правен факултет со правосуден испит. Работел во Управа за јавни приходи, во П.П. "Јурис" и како адвокат во Куманово. Бил пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во претходниот парламентарен состав. Се служи со англиски јазик. Живее во Куманово.



 

БЛАЖЕ СТОЈАНОСКИ

 


  
 


     
 
   
Член на ВМРО-НП. Роден 1966 година во Прилеп, Р. Македонија. Завршил Правен факултет. Работел како раководител на правниот сектор во КСМ "Солидарност", и на правната служба на Општина Прилеп , директор на АД "ЕСМ" - подружница Прилеп. Живее во Прилеп
     




ДРАГО ШАЈНОСКИ

 



  
 


     
 
   
Член на ВМРО- НП. Роден 1949 година во Охрид, Р. Македонија. Македонец. Работел во АД "Емо" Охрид. Добро го знае англискиот јазик. Живее во Охрид.



      
 

РИСТАНА ЛАЛЧЕВСКА

 

 

 

  


   Член на ЛП. Родена 1963 година во Охрид, Р.Македонија. Македонка. Завршила Правен факултет. Работела како дел од истражувачкиот тим на "Брима" и како референт по право во Фондот на ПИОМ, ПЕ - Охрид. . Член на ОО на ЛП и член на ИО на ЛИПАЖ. Се служи со англиски јазик. Живее во Охрид.



ЕФТИМ МАНЕВ

 

 

 

 

 

 

Роден во с. Сулдурци, Радовиш. Македонец. Завршил Правен факултет во Скопје. Општински јавен обвинител во Општинското јавно обвинителство - Радовиш. Живее во Радовиш.



 



     
  

ГАНКА САМОИЛОВСКА ЦВЕТАНОВА

 

 






   
Член на ВМРО-ДПМНЕ Родена 1968 година во Скопје, РМ. Македонка. Магистер на науки. Работела како доцент на Факултетот за музичка уметност, директор на Македонската филхармонија и претседател на УО на фестивалот “Охридско лето”. Била министер за култура во Владата на Република Македонија, претседател на Националната комисија на УНЕСКО, претседател на паневропската интервладина организација за аудиовизуелни уметности "Еурека-аудиовизуел". Добро зборува англиски, се служи со француски, учи италијански јазик. Живее во Скопје.

 



    

ИЛИЈА КИТАНОСКИ

 

 


 



Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 22.7.1959 година во Кичево. Македонец. Дипломиран економист.

Активности во Собранието

  • Комисија за финансирање и буџет, заменик-член
  • Комисија за труд и социјална политика, претседател
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
  • Комисија за транспорт, врски и екологија, член
  • Буџетски совет на Собранието, член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Северноатлантската Договорна Организација, член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Австрија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Грција, член



 



     
  

ИЛИЈА СРБИНОВСКИ

 

 






   
Член на ВМРО- ДПМНЕ. Роден 1952 година во с. Церово, Демир Хисар, Р. Македонија. Македонец. Завршил Земјоделски факултет. Бил началник на ПЕ - Битола при Министерството за земјоделие, водостопанство и шумарство, работел како инжинер агроном во ЗИК "Пелагонија". Член на ЦК на ВМРО- ДПМНЕ. Живее во Битола..



 

МАРИЈА КОЈЗЕКЛИСКА

 







   
 
Член на ВМРО- НП. Родена 1965 година во Штип, Р. Македонија. Македонка. Висока школска подготовка.
Била раководител на Подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување во Штип. Живее во Штип.



 

МАРЈАН ЃОРЧЕВ

 


  
 


     

 
Член на Земјоделска Народна Партија на Мекедонија. Роден 1956 година, во Кавадарци. Македонец. Дипломиран економист. Поранешен директор во АД „Македонија“ и АД „Братство“ - Скопје. Поранешен градоначалник на Кисела Вода. Поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Живее во Скопје.



 

МИХАЈЛО ГЕОРГИЕВСКИ

 


  
 


     
 
   
Член на пратеничката група на независни пратеници. Роден 1940 година во с. Блатец, Р. Македонија. Македонец. Доктор по филозофски науки. Научен советник во Институтот за старословенска култура. Бил пратеник во претходниот парламентарен состав. Се служи со руски и француски јазик. Живее во Скопје.
     



     
  

НИКОЛА ГРУЕВСКИ

 

 






   
Член на ВМРО-ДПМНЕ Роден 1970 година во Скопје, РМ. Македонец. Има високо образование. Бил директор за хартии од вредност и ликводност во "Балканска Банка". Бил министер за трговија (1999 година) а во периодот 1999-2002, министер за финансии во Владата на Република Македонија; Член на Комисијата за хартии од вредност ( 1999-2000); претседател на комисијата за хартии од вредност ( 2000-2002). Добро зборува англиски јазик. Живее во Скопје.



     
  

ПЕТАР НАУМОВСКИ

 

 







Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден 1968 година во Прилеп, РМ. Македонец. Има завршено средно обрразование. Професионален спортист.Живее во Скопје.

  

ПЕТАР ГОШЕВ

 

 





 

 

Роден 1948 година во с. Пирава, Валандово, Р. Македонија. Македонец. Магистер по економски науки. Бил пратеник во првиот и третиот парламентарен состав. Се служи со англискиот јазик. Живее во Скопје.
      



 

ГЕОРГИЕВСКИ ЉУБЧО

 

 
  
 


     
 
   
Член на ВМРО-НП. Роден 1966 година во Штип. Македонец. Професор по книжевност. Добро го познава англискиот јазик. Живее во Скопје.



     
  

ЉУБЕ БОШКОСКИ

 

 






   
Член на ВМРО-ДПМНЕ Роден 1960 во Тетово, РМ. Македонец. Има Високо образование. Работел како судски приправник, референт во Фондот за пензиско и инвалидско, заменик директор на дом на здравство, приватен бизнисмен, заменик директор на ДБК, државен секретар во МВР, министер за внатрешни работи. Се служи со италијански и германски јазик. Живее во Скопје.



      
 

ЉУПЧЕ МЕШКОВ

 

 

 

  


Член на ЛП Роден 1948 година во Скопје, РМ. Македонец. Има високо образование. Од мај 1973 е вработен во фондот на ПИОМ, со прекин од четири месеци, кога извршува должност на секретар на Секретаријатот за организација и прописи во Собранието на Скопје. Од декември 2000 година, директор на Фондот. Добро зборува англиски јазик. Живее во Скопје



 

ЉУПЧО БАЛКОВСКИ

 


  
 


     
 
   
Член на ВМРО-НП. Роден 1966 година во Струга, Р.Македонија. Македонец. Завршил Архитектонски факултет. Работел во Министерството за урбанизам и градежништво. Бил министер за транспорт и врски. Се служи со англиски и руски јазик. Живее во Скопје.



 

РИСТО ПЕЈОСКИ

 


  
 


     
 
   
Член на ВМРО-НП. Роден 1949 г. во Битола, РМ. Македонец. Има високо образование. Работел како доктор по општа медицина, потоа специјалист по општа хирургија и урологија. Живее во Велес.

  

САШКО КЕДЕВ

 

 






   
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден 1962 година во Штип, РМ. Македонец . Доктор на медицински науки. Лекар специјалист-кардиолог. Доцент на Медицинскиот факултет, сертифициран европски интервентен кардиолог, сертифициран интервентен кардиолог во САД. Добро знае англиски и италијански јазик. Живее во Скопје.



 
  
 СИЛВАНА БОНЕВА

 

 




 

Член на ВМРО-ДПМНЕ и координатор на Пратеничката група. Родена на 21.8.1959 година во Струмица. Македонка. Правник.

Активности во Собранието

  • Буџетски совет на Собранието, член
  • Национален совет за евроинтеграции, заменик-претседател
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за европски прашања, член
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
  • Комисија за локална самоуправа, заменик-член
  • Законодавно-правна комисија, заменик-член
  • Комисија за надворешна политика, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија, член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација
  • Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на САД, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, член
  • Пратеничка група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, претседател




СЛОБОДАН ЧАШУЛЕ

 

 

 

 


 

Роден 1945 г. во Скопје, РМ. Македонец. Филолог. Бил министер за надворешни работи, републички советник, директор на НИП “Нова Македонија“ и главен уредник на “Македонско Радио“. Колумнист и уредник на “ Дневник “, дописник од Латинска Америка на УПИ и Танјуг, уредник на ТВ Скопје, основач на ТВ Скопје. Добро зборува англиски, шпански, португалски, француски и италијански. Живее во Скопје.



 

СПИРО МАВРОВСКИ

 


  
 


     
 
   
Член на ВМРО-НП. Роден 1957 година во Свидница, Р.Полска. Македонец. Завршил Технолошки факултет. Работел како помошник директор за производство во РЕК Битола. Добро го знае англискиот јазик. Живее во Битола.
     


                                                            СТОЈАН АНДОВ

      

 

 

 



Роден е 1935 година во Кавадарци, Република Македонија; Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Белградскиот универзитет;
     
Бил потпретседател на Републичкиот извршен совет, член на македонската делегација во Соборот на републиките и покраините и член на федералната влада во три мандати, каде се забележува неговата улога на преговарач во контактите на поранешна Југославија со експертите на ЕЕЗ (1971-1987 г.);

Се смета за извонреден познавач и експерт на економските прашања, како и политичар ориентиран кон пазарната економија; - Бил амбасадор на поранешна Југославија во Ирак (1987-1991 година).

- Основач е на Либералната партија на Македонија и како нејзин претседател ја водеше Либералната партија до спојувањето со поранешната ДП 1997 година, кога стана претседател на Советот на новоформираниот политички субјект;

- По обновувањето на Либералната партија на Македонија, беше избран за член на нејзиниот Извршен комитет;

- Избиран е за потпретседател на Либералната интернационала.
     
- На првите повеќе-партиски избори 1990 година, беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и стана претседател на Собранието во јануари 1991 година;

- На вторите повеќе-партиски избори 1994 година, повторно беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и за претседател на Собранието - должност што ја извршуваше до март 1996 година;

- Беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и на последните избори (1998 година);

- Како пратеник, претседател е на Комисијата за монетарна и кредитна политика и банкарство на Собранието на Република Македонија;

- Беше кандидат за претседател на Република Македонија на претседателските избори 1999 година;

- На 30 ноември 2000 година беше избран за претседател на Собранието на Република Македонија.   



 

ВАНЧО СТАМЕНКОВ

 

 
  
 


     
 
   
Член на пратеничка група на независни пратеници. Роден 1961 година во с. Цера, Македонска Каменица, Р. Македонија. Македонец. Завршил Машински факултет. Работел во АД "Руен" - Кочани, бил директор на ВС "Хидраулика" и градоначалник на општина Оризари. Живее во Кочани.



      
 

ЗОРАН КРСТЕВСКИ

 

 

 

  


 

Роден е 1960 година во Скопје. Македонец. Завршил Правен факултет во Скопје. Потпретседател на Младата демократско- прогресивна странка на Македонија. Живее во Скопје.



 

АБДИЛАЌИМ АДЕМИ

 

 






   
Член на ДУИ. Роден 1969 година во с. Јегуновце, Р. Македонија. Албанец. Висока школска подготовка. Без работно искуство. Живее во с. Шемшево.



 

АГРОН БУЏАКУ

 

 

 

 


Член на ДУИ. Роден 1957 година во Дебар. Албанец. Магистер на науки. Политиколог. Добро ги познава англискиот, францускиот, рускиот, српскиот и хрватскиот јазик. Живее во Дебар.



 

АЛИ АХМЕТИ

 

 
  
 


     
 
   
Претседател на ДУИ.
Роден на 4 јануари 1959 година во с. Зајаз, Кичево. Албанец.
Завршил високо образование. Педагог.
     
  
   



 
  
АЗИЗ ПОЛОЖАНИ      

 

 


 

 

Член на ДУИ. Роден 1957 година во с. Ливада, Струга. Албанец. Лекар. Добро го познава англискиот јазик. Живее во Струга



     
                                                               ЕЈУП РУСТЕМИ 

 

 







   
Член на ДУИ. Роден 1968 година во с. Џепчиште-Тетово, Р. Македонија. Албанец. Завршил Природно математички факултет. Работел како професор во средно училиште во Тетово. Живее во Тетово.



 

ФАЗЛИ ВЕЛИУ

 


  
 


     
 
   
Член на ДУИ. Роден на 4 јануари 1945 година во с. Колари, Кичево. Албанец. Високо образование. Професор по лингвистика. Магистер.   
   
Активности во Собранието

  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член
  • Комисија за финансирање и буџет, заменик член
  • Комисија за транспорт, врски и екологија, заменик член
  • Комисија за образование, наука и спорт, заменик член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Романија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Швајцарската Конфедерација, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Белгија, претседател
     
     


     
  

ГЗИМ ОСТРЕНИ

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 


 



Член на ДУИ. Роден 1942 г. во Дебар, РМ. Албанец. Има завршено високо образование-филозофија-социологија. Работел како учител, претседател на Општинскиот комитет на Сојузот на социјалистичката младина-Дебар, инспектор за граница и странски и други служби во ОВР-Дебар, командант на Територијалната орбрана на Општината Дебар, шеф на главниот штаб на Заштитниот корпус на Косово, шеф на Главниот штаб на ОНА на Македонија. Се служи со Англискиот јазик. Живее во Дебар.



     
  

ХУСЕИНИ ХУСЕИНЏЕВАТ 

 

 






   
Член на ДУИ. Роден 1945 во Тетово, РМ. Албанец. Има завршено високо образование. Просветен работник со искуство од 28 години. Добро зборува француски јазик, се служи со англиски, турски и српски, а учи арапски јазик.Живее во Тетово.



 

ХИСНИ ШАЌИРИ 

 


  
 


     
 
   

Роден е 1949 година во с. Отља, Куманово. Албанец. Завршил Филозофски факултет, група Историја. Невработен. Живее во с. Отља.



     
                                                          НАЗМИ БЕЌИРИ

 

 







   
Член на ДУИ. Роден 1960 година во с. Извор- Куманово, Р.Македонија. Албанец. Завршил филозофски факултет, професор по албански јазик и книжевност. Без работно искуство. Живее во с. Черкез- Куманово.



 

ТАЛАТ ЏАФЕРИ

 

 

 

  



Член на ДУИ.Роден на 15.04.1962 година во с.Форино, Гостивар.Албанец.Постдипломски студии за командни и штабни должности.       
    
Активности во Собранието

  • Совет на Собранискиот канал, член
  • Комисија за одбрана и безбедност, член
  • Комисија за финансирање и буџет, член
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик член
  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, заменик член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Северноатлантската Договорна Организација, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Австрија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, чле


 

ТЕУТА АРИФИ

 

 

 

 

 

Член на ДУИ. Родена на 19 октомври 1969 година во Тетово. Албанка. Доктор на филолошки науки.

Активности во Собранието

  • Комитет за односи меѓу заедниците, член
  • Национален совет за евроинтеграции, член
  • Комисија за надворешна политика, претседател
  • Комисија за култура, заменик член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската Федерација, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, член


 




АДНАН ЌАХИЛ     

 

 

 

 

 

Член и претседател на Партијата за движење на Турците во Македонија. Роден 1960 година во Скопје. Турчин. М-р по хемиски науки. Бил министер во Влада во претходниот состав.

 



 

РАФИЗ ХАЛИТИ

 

 






Член на ДУИ. Роден 1956 година во с. Радуша. Албанец. Професор. Добро ги познава српскиот и хрватскиот јазик. Живее во   с. Радуша.



   



 

АРБЕН ЏАФЕРИ 

 


  
 


     
 
   
Член на ДПА . Роден на 24 јануари 1948 година во Тетово. Албанец. Завршил филозовски факултет. Се занимавал со новинарство. Добро го познава англискиот и српскиот јазик, а се служи и со францускиот.
   
Активности во Собранието

  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шпанија, претседател
     


      


 

ФАТМИР АСАНИ




 


     



Член на ДПА. Роден 1954 година во с. Слупчане- Липково, Р. Македонија. Албанец. Специјалист по општа медицина. Работел во приватна здравствена организација "Медикус". Се служи со француски јазик. Живее во с. Слупчане- Липково.


  



 

ИЛЈАЗ ХАЛИМИ

 

 

 

 

Потпретседател на ДПА. Роден 1954 година во с. Сушиќе, Косово. Албанец. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот во Приштина. Работел како професор, а до изборот за пратеник и како заменик директор на гимназијата во Тетово. Еден од оснивачите и актуелен потпретседател на ДПА. Бил пратеник и потпретседател на Собранието на РМ во претходниот парламентарен состав. Живее во Тетово.



 

МЕНДУХ ТАЧИ



 
 


     



Претседател на ДПА. Роден на 3 март 1965 година во Тетово. Албанец. Завршил медицински факултет - стоматолог.  
   
Активности во Собранието

  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска, претседател
     


      


 

 РУЖДИ МАТОШИ

 

 

 


 

Член на ДПА. Роден 1970 година во Тетово. Албанец. Магистер на науки. Инженер по земјоделство. Се служи со англискиот јазик. Живее во Тетово.


 

 



     
  

ЏЕВДЕТ НАСУФИ 

 

 






   
Член на ДПА Роден 1948 година во Велешта, Струга, РМ. Албанец. Магистер на науки. Бил заменик на претседателот на Владата на Република Македонија. Добро зборува англиски јазик. Живее во с. Велешта, Струга.




ЉУБИСАВ ИВАНОВ-ЅИНГО     

 

 

 

 



Член и претседател на СПМ. Роден на 8.11.1936 година во Кратово. Македонец. Дипломиран рударски инженер.  

Активности во Собранието

  • Комисија за уставни прашања, заменик-член 
  • Комисија за финансирање и буџет, заменик-член 
  • Комисија за економски прашања, претседател
  • Комисија за здравство, заменик-член
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, член 
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската Федерација, претседател 
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Бугарија, член 
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора, член

     


 

НАЈДОВСКИ СЛОБОДАН

 

 
  
 


     
 
   
Член на ЛДП. Роден 1961 година во с. Добровени. Македонец.
Дипломиран економист. Се служи со рускиот јазик. Живее во Битола.



ЗОРАН ШАПУРИЌ

Click