Пратеници



 

Сабриу Илјас

 

 
  
 


    
 
   
Независен пратеник. 
      
Има долгогодишно искуство во општествената и политичката сфера. Бил претседател на Извршниот совет на општина Тетово од 1982 до 1986 година. Бил заменик на претседателот на Републичкиот комитет за труд од 1986 до 1988 година. Од 1988 до 1990 година бил заменик на претседателот на Републичкиот комитет за стопанство. Бил член на Владата на Република Македонија и министер за труд и социјална политика од 1990 до 1996 година. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Франција. 
      
Роден 1951 година во с. Пирок, Тетово, РМ. Албанец. Завршил Економски факултет. Како економист бил вработен во Секторот за план и анализа на Собранието на општина Тетово од 1974 до 1982 година. Од 1996 до 1996 година бил заменик на директорот, а од 1998 година е помошник на директорот по економски работи на Јавното претпријатие за аеродромски услуги "Македонија". Добро го знае францускиот јазик. Живее во Тетово.

 

Click