Комисија за меѓунационални односи
Комисијата за меѓунационални односи има претседател и десет члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и четири члена од редот на научните и стручните работници.
Комисијата разгледува прашања што се однесуваат на уредувањето со закон на правата на националностите утврдени со Уставот, особено од аспект на:
- обезбедувањето на правото на употреба на јазикот и писмото на националностите;
- обезбедувањето на правото на настава на јазикот на националностите во областа на воспитувањето и образованието;
- гарантирање на заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на националностите;
- обезбедување на информирањето, културните и други дејности, заради изразување на идентитетот и националните особености и
- други прашања што се однесуваат на остварувањето на правата на националностите утврдени со Уставот и законите.
Претседател: Харуни Сејфедин
Членови: Сугаревски Владо
Сајкоски Аце
Тилевски Митко
Шахиќ Алија
Алиу Кхани
Чифлиганец Ванчо
Трповски Борислав
Поповски Никола
Рамадани Исмет
Бајрам Амди