Работни тела

Комисија за еднакви можности на жените и мажите


Е-пошта:kem@sobranie.mk

Комисијата има претседател, десет члена и нивни заменици.

Комисијата разгледува прашања што се однесуваат на:

  • разгледување на предлозите на закони и другите прописи што ги донесува Собранието од областа на трудот и социјалната политика, образованието и здравството, семејството и грижата за децата, како и други предлози на закони и други прописи од аспект на вклученоста на родовиот концепт во нив;
  • разгледување на предлог Националниот план за акција за еднакви можности на жените и мажите;
  • следење  на усвојувањето и примената на основните и посебните мерки за воспоставување на еднакви можности на жените и мажите во сите области од јавниот и приватниот сектор  преку доставени извештаи од Одделението за унапредување на рамноправноста меѓу половите при Министерството за труд и социјална политика;
  • следење на системот на мерки за отстранување на нееднаквиот третман на жените и мажите преку доставени извештаи од Одделението за унапредување на рамноправноста меѓу половите при Министерството за труд и социјална политика;
  • иницира донесување и изменување  на закони и други прописи од областа на еднаквите можности на жените и мажите;
  • поттикнување на соработката меѓу надлежните органи за прашања кои се однесуваат на еднаквите можности на жените и мажите;
  • редовно информирање на Собранието за сите прашања сврзани со еднаквите можности на жените и мажите;
  • соработката со соодветните комисии на другите земји  и 
  • разгледува други прашања што се однесуваат на еднаквите можности на жените и мажите.

 

Претседател:  Даниела Рангелова
Заменик на претседателот:  Лилјана Кузмановска
Членови: 1. Лилјана Поповска
2. Сузана Секуловска
3. Крсто Мукоски
4. Алим Билали
5. Вјолца Мехмети-Нуредини
6. Шпреса Хадри
7. Мерал Узеири-Ферати
8. Мира Стојчевска
9. Соња Мираковска
10. Биљана Настевска
Заменици на членовите: 1. Мирјана Хаџиевска
2. Олга Најденовска
3. Благица Ласовска
4. Марија Ангелова
5. Селвије Салију
6. Каљтрина Азизи
7. Газменд Алији
8. Роза Топузова-Каревска
9. Милева Горгиева
10. Јулијана Силјановска 
Click