Работни тела



Копенхашки парламентарни насоки  

На вонредниот XXVIII состанок на Конференцијата на комисиите за европски прашања на парламентите на државите членки на Европската унија (КОСАК/COSAC), во Брисел, 27 јануари 2003 година усвоени се т.н. "Копенхашки парламентарни насоки"- водич за односи меѓу владите и парламентите за прашања на ЕУ.

Во Насоките се истакнати три основни елементи, кои би требало да обезбедат поголемо учество и влијание на националните парламенти врз политиката на ЕУ на активен начин.

Овие три елементи се квантитет и квалитет на информации до националниот парламент, навремена размена на информации и конечно можности, кои националниот парламент ги има за да ги користи информациите кои ги добил, за да изврши влијание на политиката на Унијата.

Врз основа на горенаведеното, се препорачуваат следниве основни начела:

националниот парламент навремено да добива релевантни информации за иницијативи на ЕУ, од владата и од институтциите на Унијата, за националниот парламент да има можност да ги разгледа пред да се донесат одлуки во ЕУ ;
- националниот парламент треба да има можност да ја употреби добиената информација, како би влијаел на националната политика према ЕУ, односно посредно на донесувањето на одлуки во ЕУ и

националниот парламент треба да има можност да ги следи владините одлуки во системот на Заедницата.

Општите насоки кои се препорачуваат врз основа на спомнатите начела се:

  1. Владата на земјата членка треба да осигура, во консултации со институции на ЕУ, националниот парламент да ги добива сите документи и други иницијативи на ЕУ, веднаш штом станат достапни;
  2. Владата би требала да подготвува лесно достапни, јасно напишани материјали за законодавството на ЕУ и други иницијативи за националните парламенти;
  3. Треба да се обезбедат услови за навремени состаноци со министрите во националните парламенти, пред состаноците на ЕУ. На ваквите состаноци Владата треба да го изнесе својот став за предлозите на ЕУ;
  4. Националниот парламент треба да биде навремено информиран од страна на Владата во поглед на одлуките кои треба да се донесат во ЕУ и за владините предлози кои се однесуваат на тие одлуки. Националните парламенти треба, исто така да бидат последователно информирани за донесените одлуки и
  5. Во поглед на административната помош во националниот парламент, одговорност на секој парламент е да осигура максимални бенефиции од насоките, преку зајакнување на административната и експертската помош на Парламентот за ЕУ прашања и да ја адаптира оваа помош на реалните потреби на Парламентот. 
Click