Работни тела



КОСАП

КОСАП (COSAP) е кратенка за Конференција на парламентарните комисии за европски интеграции/прашања на државите опфатени во Процесот за стабилизација и асоцијација на Албанија, БиХ, Хрватска, Македонија, Србија и Црна Гора, основана на 17-18 јуни 2005 година во Сараево, БиХ.

КОСАП претставува форум за редовна размена на ставовите, кои се однесуваат на Процесот за стабилизација и асоцијација, стратегијата за зачленување во ЕУ на земјите од Процесот, како и процесот на проширување на ЕУ.

Согласно со Деловникот за работа на КОСАП, усвоен на конститутивната седница во Сараево, со Конференцијата претседава претседателот на Комисијата за европски интеграции/прашања на земјата членка која претседава. Земјите членки на Конференцијата ќе претседаваат со Конференцијата по абецеден ред.

Со оглед на тоа што првиот состанок на КОСАП се одржа во БиХ, вториот ќе се одржи во првата половина на 2006 година во Хрватска, следниот состанок ќе се одржи во втората половина на 2006 година во Македонија.

ДОКУМЕНТИ:

Click