Работни тела



ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА

Усвоена на I Конференција на Парламентарните комисии за европска интеграција на земјите учеснички во Процесот за стабилизација и асоцијација на Југоисточна Европа,

Сараево, 16-18 јуни 2005 година


Ние, претседателите на парламентарните комисии за европска интеграција на земјите учеснички во Процесот за стабилизација на Југоисточна Европа го потврдивме на ш ето убедување дека јасната и неприкосновена перспектива за полноправно членство во ЕУ е најзначајната потреба и најефективниот потстрек за продолжување и заврШување на реформите во нашите земји со цел да се осигури регионална стабилност и внатрешна демократија, економски и социјален развој.

Потсетуваме дека со постојните одлуки на земјите членки на ЕУ во врска со проширувањето кон Југоисточна Европа, усвоени на Солунскиот самит во 2003 година, или оние донесени по Солун, им се признава перспектива за членство на сите земји од Југоисточна Европа откако индивидуално ќе ги задоволат критериумите за прием.

Поради актуелната несигурност во поглед на ратификацијата на Уставниот договор на ЕУ ќе биде потребно повеќе време за разработување на еден ефикасен политички, економски и социјален модел за Европа. Нашата позиција и порака е дека сегашните предизвици во поглед на внатрешното уредување на ЕУ, идните финаниски перспективи или апсорбирањето на нови земји членки не смее на никој начин да влијае негативно и да го одлага процесот на проширување кон Југоисточна Европа. Ние сме убедени дека процесот на проширување може и мора да се одвива паралелно со внатрешната расправа во ЕУ за надминување на различните ставови за уставното уредување. Сепак, петтиот круг на проширување беше успешно спроведен и завршен паралелно со расправата за Уставната конвенција.

ЕУ ќе има полза од фактот дека може со испраќањето на охрабрувачки сигнали да докаже дека кохезивните и силите за привлекување функционираат дури и во турбулентни времиња. Затоа ги повикуваме земјите членки процесот на проширување да остане и натаму на високо место на нивната агенда, преку донесување на одлуки за започнување на преговорите за прием со Хрватска, давајќи статус на кандидат на Македонија, завршувајќи ги преддоговорите за потпишување Договор за стабилизација и асоцијација со Албанија и забрзувајќи го отпочнувањето на преговорите за потпишување Договори за стабилизација и асоцијација со Босна и Херцеговина и Србија и Црна Гора.

Со оглед на тоа дека ИПА ресурсите нема да се зголемат, сметаме дека тоа ќе има негативно влијание врз нашиот иден демократски и економски развој и затоа предлагаме ИПА компонентите да им бидат достапни од почетокот на сите земји од Процесот за стабилизација и асоцијација, без оглед на тоа дали се стекнале со статус на земја кандидат до 2007 година или не.

Нашите парламенти се подготвени да ги промовираат и извршат реформите врз основа на ЕУ. Очекуваме дека ЕУ ќе се придржува до своите одлуки во врска со проширувањето, со што ќе потврди дека се придржува до владеењето на правото и демократските процедури. На тој начин истовремено тие ќе го поттикнат ентузијазмот на политичарите и јавноста во Југоисточна Европа за постигнување на стабилност и економска конкурентност на земјите од регионот. 

Click