СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

2008 - 2011 

    
  
 
АНДРЕЈ ПЕТРОВ 

 

 



    
 
   
Член на СДСМ.Роден на 26.05.1971 година во Скопје.Македонец.Завршил медицински факултет.Магистер, специјалист за дерматовенерологија.
     
    
Активности во Собранието

  • Комисија за транспорт, врски и екологија, заменик претседател
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за европски прашања, заменик член
  • Комисија за образование, наука и спорт, член
  • Комисија за здравство, заменик член
  • Комисија за локална самоуправа, член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, претседател
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Франкофонијата, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на балтичките земји: Естонија, Летонија и Литванија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада, претседател  


 

ВЕСНА БЕНДЕВСКА

 

 
  
 


     
 
   
Член на СДСМ. Родена на 12 јануари 1963 година во Битола. Македонка. Има високо образование. Психолог.    
   
Активности во Собранието

  • Совет на Собранискиот канал, член
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, претседател
  • Законодавно-правна комисија, заменик член
  • Комисија за култура, заменик член
  • Комисија за труд и социјална политика, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Унгарија, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Ирска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на Република Исланд и Кралството Норвешка, член
     


      


 
  
ВЛАДО БУЧКОВСКИ

    

 

 


 

Член на СДСМ. Роден на 2 декември 1962 година во Скопје. Македонец. Доктор по правни науки. Универзитетски професор.Во 2002 година избран за пратеник. Во периодот од 2002 до 2004 година беше министер за одбрана. Од 2004 до 2006 година беше претседател на Владата на РМ.

Активности во Собранието

  • Комисија за уставни прашања, член
  • Комисија за одбрана и безбедност, заменик член
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за надворешна политика, член
  • Комисија за образование, наука и спорт, заменик член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Северноатлантската Договорна Организација, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Романија, чле


 

ГОРАН МИНЧЕВ

 

 

 


 

 Член на СДСМ.Роден на 22.03.1972 година во Скопје.Македонец.Дипломиран економист.    
   
Активности во Собранието

  • Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од Министерството за одбрана, претседател
  • Комисија за уставни прашања, заменик член
  • Комисија за одбрана и безбедност, член
  • Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, заменик член
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, член
     


      


     
  

ГОРАН СУГАРЕСКИ 

 

 






   

Член на СДСМ. Роден на 03.08.1973 година во Прилеп. Македонец. Дипломиран правник.     
    
Активности во Собранието

  • Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од Министерството за одбрана, заменик член
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик претседател
  • Законодавно-правна комисија, заменик член
  • Комисија за одбрана и безбедност, член
  • Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, заменик член
  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, член
  • Комисија за локална самоуправа, заменик член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), заменик член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Монголија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шпанија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Италија, член


 

ЕМИЛИЈАН СТАНКОВИЌ












Член на СДСМ. Роден на 16.05.1976 година во Скопје. Србин. Дипломиран правник со положен правосуден испит.

Активности во Собранието

  • Совет на Собранискиот канал, член
  • Анкетна комисија за утврдување на околностите за загинувањето на претседателот на Република Македонијиа Борис Трајковски, член
  • Комисија за уставни прашања, заменик член
  • Законодавно-правна комисија, член
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик член
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик член
  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Швајцарската Конфедерација, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на балтичките земји: Естонија, Летонија и Литванија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Ирска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Јапонија, член


      
 

ИГОР ИВАНОВСКИ

 

 

 

  


 Член на СДСМ. Роден на 11 март 1977 година во Скопје. Македонец. Дипломирал на економски факултет.       
    
Активности во Собранието

  • Комисија за надворешна политика, член
  • Комисија за европски прашања, член
  • Комисија за финансирање и буџет, заменик член
  • Комисија за образование, наука и спорт, заменик член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на Република Исланд и Кралството Норвешка, претседател


 

ЈАНИ МАКРАДУЛИ

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА






 

Контакт информации:
кат II, соба бр. 67
директен тел. 3136-802, локал 121

Лични податоци

Член  и потпретседател на СДСМ, роден е на 28.03.1965 година во Битола. Основно и средно образование завршил во Скопје, а дипломирал на Електро-техничкиот факултет во Скопје, каде во 2001 година е реизбран за Постар Асистент и е раководител на лабораторија за компјутерски техники и информатика. Постдипломските студии ги започнува во Белград  и во 1994 година магистрира во Скопје. Во својата професионална кариера напишал 43 публикации и научни трудови.

Својата политичка кариера ја започнува на локалните избори 1996-2000 година, кога е избран за Советник во општина Центар. Во 1997 година е учесник на политичката школа во Фрајбург, а на дополнителните парламентарни избори во 2001-2002 година, избран е за пратеник во Собранието на РМ.На редовните избори во 2002-2006 година, повторно е избран за пратеник кога е и назначен и за Координатор на Пратеничката Група на СДСМ во Собранието на РМ. Во 2003 година, назначен е за Претседател на Комисијата за информатичка технологија во Владата на РМ, а во 2005 година е избран за член на Постојаната Комисија за соработка со Европскиот Парламент и за член на ад хок експертската Комисија на Советот на Европа за информатичко општество. На редовните парламентарни избори 2006-2008 година по трет пат е избран за пратеник во Собранието на РМ и повторно назначен за Координатор на ПГ на СДСМ, се до вонредните парламентарни избори 2008-2012 година кога е по четврти пат избран за пратеник од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и на 25.08.2008 година и избран за попретседател на Собранието на Република Македонија.

Неговото богато политичко портфолио ги содржи следниве активности:

  • 1996 - 2000 Локални избори, Советник во општина Центар, Скопје
  • 1997 Учесник на политичката школа за локална самоуправа во Фрајбург
  • 2001 – 2002 Пратеник во Собранието на Р. Македонија - дополнителни парламентарни избори
  • 2002 – избран за пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ
  • 2003 – Претседател на Комисија за информатичка технологија
  • 2005 – Член на Постојаната комисија за соработка со Европскиот Парламент
  • 2005 - Член на ад хок експертската комисија на Советот на Европа за Информатичко општество
  • 2006 - 2008 Избран за пратеник во Собранието РМ и координатор на ПГ на СДСМ
  • 2008 - Избран за пратеник во Собранието РМ, од 25 август
  • 2008 избран за потпретседател на Собранието на Р. Македонија

Активности во Собранието

  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Австрија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Јапонија, член 

Имотна состојба:
Недвижен имот:
-Стан 109 м2, ул.„Антон Панов“ 19/8, статус: под хипотека за кредит од 30.000 евра (Комерцијална банка)
Подвижен имот:
-„Peugeot“ 407,2009 година
Акции:
-Не поседувам
Мојата сопруга не поседува подвижен и неподвижен имот и нема акции во ниту една компанија. 



     
  

МАРИНЕЛА ТУШЕВА

 

 






   

Член на СДСМ. Родена на 16.04.1983 година во Штип. Влаинка. Професор по одделенска настава. Магистрант на меѓународна политика.   
    
Активности во Собранието

  • Комисија за надворешна политика, заменик член
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, заменик член
  • Комисија за образование, наука и спорт, член
  • Комисија за култура, член
  • Комисија за еднакви можности на жените и мажите, заменик член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), заменик член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Големото Војводство Луксембург, член


 

МАРЈАНЧО НИКОЛОВ

 


 


     
 
   
  


Член на СДСМ. Роден на 18 октомври 1971 година во Велес. Македонец. Дипломиран економист.

Активности во Собранието

  • Буџетски совет на Собранието, член
  • Комисија за финансирање и буџет, член
  • Комисија за економски прашања, член
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик член
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, заменик член
  • Комисија за локална самоуправа, заменик член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија, член
     



 

МЕНДЕ ДИНЕВСКИ

 


  
 


     
 
   
Член на СДСМ.Роден на 10.07.1973 година во Битола.Македонец.Завршил стоматолошки факултет, доктор по стоматологија.    
   
Активности во Собранието

  • Комитет за односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од Министерството за одбрана, заменик претседател
  • Комисија за одбрана и безбедност, заменик член
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик член
  • Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, член
  • Комисија за здравство, член
  • Комисија за труд и социјална политика, заменик член
  • Анкетна комисија за настаните во Собранието на Република Македонија случени на 1 јули 2010 година, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Белгија, член
     
     


 

МИЛЕ АНДОНОВ

 


  
 


     
 
   
Член на СДСМ.Роден на 10.08.1962 година во Кочани.Македонец.Дипломиран економист.    
   
Активности во Собранието

  • Буџетски совет на Собранието, член
  • Комисија за финансирање и буџет, член
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, член
  • Комисија за транспорт, врски и екологија, заменик член
  • Комисија за труд и социјална политика, заменик член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Холандија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Големото Војводство Луксембург, член
     
     


 

НИКОЛА ЌУРКЧИЕВ

 

 
  
 


     
 
   
Член на СДСМ. Роден на 26 февруари 1954 година во Гевгелија. Македонец. Дипломиран машински инженер.    
   
Активности во Собранието

  • Комитет за односи меѓу заедниците, член
  • Анкетна комисија за утврдување на околностите за загинувањето на претседателот на Република Македонијиа Борис Трајковски, член
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, претседател
  • Законодавно-правна комисија, заменик член
  • Комисија за надворешна политика, заменик член
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
  • Комисија за локална самоуправа, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Грција, претседател

     


 

РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА ЈАНКОВСКА

 

 
  
 


     
 
   
Член на СДСМ. Родена на 10 јуни 1972 година во Скопје. Македонка. Дипломиран електроинженер. Магистер по меѓународни односи. Од 1998 до 2002 година беше пратеник. Од 2002 до 2006 година беше заменик претседател на Владата на РМ задолжена за европски интеграции.  

Добитник на наградата „Глобален лидер“ на Светскиот економски форум. 
Зборува англиски и француски јазик   
   
Активности во Собранието

  • Национален совет за евроинтеграции, претседател
  • Комисија за труд и социјална политика, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на САД, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Холандија, член

     


 

СЛАВИЦА ГРКОВСКА


  
 


     
 
   



Член на СДСМ. Родена на 27 јули 1970 година во Скопје. Македонка. Дипломирала на Природно математички факултет во Скопје.Магистер по математички науки. Помлад асистент по математика на Институтот за математика при Природно-математички факултет. Добро зборува англиски, се служи со руски и бугарски јазик. Живее во Скопје.
   
Активности во Собранието

  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик претседател
  • Комисија за европски прашања, член
  • Комисија за образование, наука и спорт, член
  • Комисија за култура, заменик член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), заменик претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, член

 Координатор на Клубот на пратенички (март- септември 2010 година).

 


 



     
  

СТАНКА АНАСТАСОВА 

 

 






   

 Член на СДСМ.Родена на 07.08.1963 година во Свети Николе.Македонка.Завршила медицински факултет.     
    
Активности во Собранието

  • Комисија за европски прашања, заменик член
  • Комисија за образование, наука и спорт, заменик член
  • Комисија за здравство, заменик член
  • Комисија за труд и социјална политика, член
  • Комисија за еднакви можности на жените и мажите, член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), заменик член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Блискиот и Средниот Исток, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Индонезија, член


    
  
 
ТОМЕ ЧИНГОВСКИ 

 

 

 




Член на СДСМ.Роден на 26.07.1965 година во Скопје.Македонец.Дипломиран економист по туризам и угостителство.      
    
Активности во Собранието

  • Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од Министерството за одбрана, член
  • Комисија за финансирање и буџет, заменик претседател
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик член
  • Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, член
  • Комисија за економски прашања, заменик член
  • Комисија за транспорт, врски и екологија, член
  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, заменик член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Исламската Република Иран, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија, член


ЦВЕТАНКА ИВАНОВА

 

 

 

 

 

 

 

Член на СДСМ. Родена на 4 јуни 1958 година во с. Загорани, Прилеп. Македонка. Дипломиран правник. 
      
Активности во Собранието

  • Комисија за уставни прашања, член
  • Законодавно-правна комисија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската Федерација, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, член
     



Click