Емилијан Станковиќ
Член на СДСМ. Роден на 16.5.1976 година во Скопје. Србин. Дипломиран правник со положен правосуден испит, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Активности во Собранието:
- Совет на Собранискиот канал, член
- Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, член
- Комисија за одбрана и безбедност, член
- Комисија за надворешна политика, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот), член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Јапонија, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на балтичките земји: Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република, член
Е-пошта: e.stankovik@sobranie.mk