
Горан Сугарески
Член на СДСМ. Роден на 3.8.1973 година во Прилеп. Македонец. Дипломиран правник, Правен факултет „Јустинијан Први“, Скопје.
Активности во Собранието:
- Законодавно-правна комисија, член
- Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, член
- Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација, со статус на придружна делегација (ПС НАТО), заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, член
Е-пошта: g.sugareski@sobranie.mk