Четврток, 11 септември 2014 година, Осло
Обраќање на претседателот Вељаноски на тема: Основни уставни права и слободи – учество, доверба и јавна дебата како услови за демократија
Ме радува фактот што токму оваа тема е дел од оваа Европска конференција, особено имајќи ги предвид предизвиците пред кои се наоѓа модерното демократско општество, економската криза и социјалните превирања, актуелни последните неколку години.
Дозволете да потенцирам дека една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија, се токму основните слободи и права на човекот и граѓанинот утврдени во Уставот, не само декларативно наброени, туку и уставно гарантирани и заштитени.