Обраќање на претседателот Вељаноски на отворањето на Парлам...

Среда, 20 мај 2015 година 

Обраќање на претседателот Вељаноски на отворањето на Парламентарниот комитет на ПД на ЦЕИ 

Ми претставува големо задоволство да се обратам пред вас на почетокот на сесијата на Парламентарниот комитет во рамките на Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива, која се вбројува во најстарите регионални организации на Европа. Денеска Централноевропската иницијатива здружува 18 држави, од кои десет се членки на Европската унија.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на Пролетната сесија на...

Понеделник, 18 мај 2015 година, Будимпешта

Обраќање на претседателот Вељаноски на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО

Почитувани дами и господа,
Драги пријатели,
На самиот почеток, дозволете да го искажам моето задоволство од можноста да се обратам на овој значаен собир.
Ваквата констатација е дотолку поважна бидејќи станува збор за настан со кој уште повеќе ќе биде зајакната парламенарната димензија без која нато не би бил ваков каков што е.
Македонија, пак, како парламентарна демократија со јасна европска и евроатланска перспектива му се обраќа на секој пријател афирмирајќи ја својата вистина, своите потреби и очекувања.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод одбележување 1...

Понеделник, 27 април 2015 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод одбележување 110 години од смртта на Никола Карев

Посебна чест претставува можноста да се говори за разните аспекти од нашата славна македонска историја.
Посебна чест заради големината на делата што ни ги оставија нашите херои, но уште повеќе заради приликата - потсетувајќи се на минатото – да влечеме поуки за сегашноста и за нашата иднина!
Македонија немаше да биде тоа што е денес, доколку немаше луѓе што дадоа лична саможртва пред олтарот на слободата.
Генерации јунаци од сите историски епохи и од сите краишта на нашата напатена татковина се вградија во темелите на нашата државотворна независност.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на тема: „Јакнење на по...

Вторник, 21 април 2015 година, Рим 

Обраќање на претседателот Вељаноски на тема: „Јакнење на политичкиот дијалог“

Политичкиот дијалог, меѓу другите нешта, е еден од основните принципи врз кои е создадена Европската Унија. Истовремено, овие нешта, како цивилизациски придобивки се издигнуваат на ниво на задолжителни демократски стандарди за сите држави во светот. Западниот Балкан, кој неспорно е дел од Европа забрзано ги усвојува овие европски цивилизациски придобивки. Периодот кога со оружје, а не со збор ги решававме проблемите на Балканот е дел од нашето темно минато. Одбравме да работиме за да го оствариме она кое природно ни припаѓа – а, тоа е заедницата со европските народи и држави. Сепак, мораме да ги решаваме преостанатите отворени прашања. 

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на Конференција на прет...

Понеделник, 20 април 2015 година, Рим

Обраќање на претседателот Вељаноски на Конференција на претседатели на парламенти од Европската унија на тема: "Европа по кризата: нови патишта на раст"

Република Македонија досега оствари доста развојни проекти и активности, а и во иднина ќе се работи на поттикнување на конкурентноста, истовремено овозможување подобри услови за локалните бизниси, како и креирање повеќе и подобри работни места. Главната цел на сите реформи е што поголем дел од граѓаните на Република Македонија да ги користат придобивките од одржливиот раст.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на свечена академија по...

Вторник, 3 март 2015 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на свечена академија по повод одбележувањето на 70-годишнината од Првиот црковно-народен собор

На самиот почеток дозволете сосема искрено да ви се заблагодарам за вашето присуство, со што можеме најдостоинствено да го одбележиме овој исклучително важен црковен, но, секако, и државен јубилеј.

Прочитај повеќе

Новогодишно обраќање на претседателот Вељаноски...

Среда, 31 декември 2014 година

Новогодишно обраќање на претседателот Вељаноски

Лично, убеден сум дека во изминативе дванаесет месеци имавме многу убави моменти и задоволства. Затоа, во новата 2015 година на сите наши граѓани им посакувам пред сè здравје и лична среќа.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски пред службата ...

Среда, 31 декември 2014 година

Обраќање на претседателот Вељаноски пред службата на Собранието на Република Македонија

Претседателот Вељаноски на вработените во Собранието на Република Македонија им ја честита новата 2015 година и им посака година исполнета со здравје, љубов и среќа.

Прочитај повеќе

Потпишан Амандман на Меморандумот за разбирање помеѓу Собра...

Понеделник, 15 декември 2014 година

Потпишан Амандман на Меморандумот за разбирање помеѓу Собранието на Република Македонија и Швајцарскиот федерален совет

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска, заедно со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Република Македонија, г. Стефано Лазарото, потпишаа Амандман на Меморандумот за разбирање помеѓу Собранието на Република Македонија и Швајцарскиот федерален совет, во врска со соработката на проектот „Поддршка за основање и развој на Парламентарниот институт“ и со тоа ја продолжија соработката на овој заеднички проект. 

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на Јавна расправа на те...

Понеделник, 17 ноември 2014 година

Поздравно обраќање на претседателот Вељаноски на Јавна расправа за ИПА 2 фондовите

Како претседател на Собранието на Република Македонија, би сакал на самиот почеток да изразам големо задоволство што Комисијата за европски прашања, заедно со другите комисии, ја организира оваа Јавна расправа на тема ИПА 2 (2014-2020 година) „Перспективи и можности за искористување“. 
Прочитај повеќе
1...3456       
Click