Обраќање на претседателот Џафери на Конференција организира...

Вторник, 26 март 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери на Конференција организирана од МОСТ, на тема „Транспарентноста на Собранието како предуслов за вклученост на граѓаните Добри практики од граѓанските организации во Велика Британија“

Дозволете на самиот почеток да го поздравам овој настан и сите тука присутни и да го изразам моето задоволство што учествувам на оваа конференција посветена на транспарентноста на Собранието како предуслов за вклученост на граѓаните. Еден од моите приоритети уште при моето прво обраќање како претседател на Собранието беше и сѐ уште стојам на истиот став, е јакнењето на транспарентноста на Собранието, сфатено во најширока смисла на зборот. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери во Будва, на Конференцијат...

Вторник, 19 март 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери во Будва, на Конференцијата на претседатели на Парламенти на државите членки на ЈЈИ

На самиот почеток, сакам да го изразам моето задоволство од учеството на шеснаесеттата (XVI) Конференција на Јадранско Јонската иницијатива во која Република Северна Македонија е полноправен член од мај 2018 година, иако нашата соработка датира од многу поодамна. Да потсетам дека кога беше формирана Јадранско Јонската иницијатива во 2000 година како предлог на Италија, една од целите беше подобрувањето на развојот и соработката помеѓу земјите во регионот, зајакнување на безбедноста на земјите во регионот, и да им се даде поттик во процесот на интеграција во Европската Унија. Оттогаш па до денес, состојбите во регионот се многу променети и тоа во позитивна насока и на сите полиња.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери пред пратениците во Сејмот...

Четврток, 14 март 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери пред пратениците во Сејмот на Литванија    

Денеска, Сејмот на Литванија со едногласна одлука со 92 гласа „за“ го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. Претседателот Џафери, кој е во Вилнус на покана на претседателот на Сејмот, г. Пранцкиетис, се обрати со следните зборови:

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери пред пратениците во Собран...

Четврток, 14 февруари 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери пред пратениците во Собранието на Република Албанија   

Имам чест денес да се обратам од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и да го изразам моето лично задоволство и чувството на гордост што денес сум сведок на еден толку свечен чин за нас, за граѓаните на Република Северна Македонија и за сите што придонесоа за тоа каде сме денес, ни веруваа и ни дадоа поддршка. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Северн...

Вторник, 12 февруари 2019 година

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, пред пратениците во Државниот Збор на Република Словенија

На самиот почеток сакам уште еднаш да го истакнам моето задоволство што можам денеска да се обратам во законодавниот дом на Република Словенија. Задоволството е уште поголемо ако се има предвид дека се обраќам пред вистински пријатели со кои споделуваме заедничка историја, пријатели кои многу ни помогнаа во создавањето на нашата сегашност, а јас сум убеден и дека како вистински пријатели ќе ја продолжиме нашата соработка и во иднина во рамките на евроатланските интеграции.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери по распишувањето на претсе...

Петок, 8 февруари 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери по распишувањето на претседателските избори

Почитувани претставници на медиумите,
Пред малку ги потпишав Решението за распишување на шестите претседателски избори и Решението за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Охрид, Општина Ново Село и Општина Дебар. Ова го направив согласно законската обврска, која ја имам како претседател на Собранието. Изборите ќе се одржат на 21 април.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на затворањето на хуманита...

Среда, 6 февруари 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери на затворањето на хуманитарната кампања на Фондацијата „You Are a Sunflower”

Имам чест и задоволство да бидам тука и да ве поздравам во мое име и од име на пратениците на Собранието на Република Македонија на овој посебен, свечен ден, на денот на затворањето на Хуманитарната кампања на Фондацијата „You Are a Sunflower”.
Прочитај повеќе

Прес-конференција на претседателот Талат Џафери...

Вторник, 15 јануари 2019 година

Прес-конференција на претседателот Талат Џафери

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери на денешната прес-конференција информираше за последните активности и постапки на Собранието.

Прочитај повеќе

Новогодишна порака на претседателот Џафери ...

Понеделник, 31 декември 2018 година

Новогодишна порака на претседателот Џафери  

Почитувани граѓани,
Бидете здрави и живи, 
бидете среќни и задоволни дома со најблиските,
бидете задоволни и успешни на работен план,
бидете брилијантни ученици и студенти,
и нека Новата 2019 година биде среќна, бериќетна и навистина историска за сите нас!

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на oдбележувањето на 25 го...

Петок, 14 декември 2018

Обраќање на претседателот Џафери на oдбележувањето на 25 години од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Република Македонија

Почестен сум што денес сме собрани сите заедно за одбележиме на свечен меѓутоа и работен начин 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Република Македонија. Станува збор за дипломатски односи со држава која е колевка на парламентарната демократија, постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите Нации и една од економски најразвиените држави.
Прочитај повеќе
1...456...13              
Click