Собраниска делегација на 14. Парламентарно собрание на Меди...

Понеделник, 24 февруари 2020

Собраниска делегација на 14. Парламентарно собрание на Медитеранот   

Во рамките на редовната годишна конференцијата на Парламентарното собрание на Медитеранот (ПСМ), што се одржа во Атина, Република Грција, свое учество имаше и Парламентарната делегација на ПСМ на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Емил Димитриев, шеф на Делегацијата и членовите на Делегацијата: Чедомир Саздовски, Владанка Авировиќ и Хари Локвенец.

Прочитај повеќе

ЏАФЕРИ: Собранието ги исполни сите реформски приоритети, се...

Петок, 21 февруари 2020 година

ЏАФЕРИ: Собранието ги исполни сите реформски приоритети, сега е ред на ЕУ да постапи по заслуга

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со европратениците Дачиан Чолос, претседател на Групата Обнови ја Европа и Илхан Ќучук, известител во Европскиот парламент за Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

Учество на собраниска делегација на Зимската сесија на ПС О...

Петок, 21 февруари 2020, Виена

Учество на собраниска делегација на Зимската сесија на ПС ОБСЕ

Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС на ОБСЕ), ја одржа својата редовна Зимска сесија на 20 и 21 февруари 2019 година во Виена, Австрија, на која учествуваа над 250 парламентарци од 53 земји учеснички и четири земји партнери на ОБСЕ. На оваа сесија учествуваа Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата; Јагода Шахпаска и Реџаиљ Исмаили, членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери по повод Меѓународниот ден...

Четврток, 20 февруари 2020

Обраќање на претседателот Џафери по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик на Меѓународната научна конференција, организирана од Агенцијата за примена на јазикот

Имам чест денес да се обратам на оваа Меѓународна научна конференција организирана од Агенцијата за примена на јазикот, по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, и да изразам задоволство што можам во мое лично име и од име на Собранието на Република Северна Македонија да ја поздравам динамиката и енергијата со која Агенцијата, нејзиното раководство и целата служба пристапиле на оваа одговорна задача и доверба што им е дадена. 
Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Конференција за зајакнување на сор...

Четврток, 20 февруари 2020

Собраниска делегација на Конференција за зајакнување на соработката помеѓу парламентите и државните ревизорски институции

Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Лилјана Кузмановска; заменик-претседателот на Комисијата за економски прашања, Агим Шаќири и членот на Комисијата за финансирање и буџет, Диме Велковски, на 20 и 21 февруари 2020 година учествуваат на  Конференција на која се дискутира за најдобрите практики и механизми за зајакнување на соработката помеѓу Парламентот и Државната ревизорска институција. Конференцијата се одржува во Пржно, Република Црна Гора, во организација на СИГМА (OECD), а поддржана од Европската Унија.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО СТИПЕНДИСТ ВО ГЕРМАНСКИОТ...

Среда, 19 февруари 2020

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО СТИПЕНДИСТ ВО ГЕРМАНСКИОТ БУНДЕСТАГ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со избраниот парламентарен стипендист во германскиот Бундестаг за 2020 година, Елена Митричка. На средбата присуствуваше и Мики Милковски, заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија; Катрин Фринсфелд, аташе за култура и Марија Мицевска-Кокаланова, координатор на ИПС програмата во Амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

ИЗЈАВА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА ПО ПОВОД РАСПИШУВАЊЕТО НА ПРЕ...

Понеделник, 17 февруари 2020

ИЗЈАВА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА ПО ПОВОД РАСПИШУВАЊЕТО НА ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

Ве поканив тука за да ве информирам вас, а преку вас и граѓаните на Република Северна Македонија, дека по изгласувањето на одлуката за распуштање на Собранието на 137. седница, синоќа, врз основа на мојата уставна надлежност од Член 67, став (4), каде стои дека Претседателот на Собранието распишува избори за пратеници и избор на претседател на Републиката, го потпишав Решението за распишување на предвремените парламентарни избори, и истото, врз основа на Член 12, став (2) од Изборниот законик, го доставив до Државната изборна комисија, Министерството за надворешни работи и Министерството за правда.
Прочитај повеќе

Наскоро гордо ќе можеме да кажеме - Ние сме НАТО!...

Вторник, 11 февруари 2020

Наскоро гордо ќе можеме да кажеме  - Ние сме НАТО!

На денешната 133. собраниска седница, на која се донесе Предлог-законот за ратификација на Северноатланскиот договор, претседателите на државата, Собранието и Владата, како и лидерите и претставници на политичките партии, имаа можност да се обратат од говорницата во законодавнот дом, на овој, како што едногласно го нарекоа, историски ден кога нашата земја е на чекор да стане 30-та членка на НАТО.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на 133. седница на Собрани...

Вторник, 11 февруари 2020

Обраќање на претседателот Џафери на свечената седница по повод Ратификацијата на Северноатлантскиот договор во Собранието на Република Северна Македонија  

Дозволете ми на овој, за нас историски ден, да го искажам своето задоволство што ја имам честа денес како претседател на Собранието на Република Северна Македонија, да ја водам оваа седница на која законодавниот дом ќе го ратификува Северноатлантскиот договор, јадрото и правната основа на Северно-атлантската алијанса.
Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ОФИЦИЈАЛНИТЕ ГОСТИ НА ЗЕМ...

Вторник, 11 февруари 2020

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ОФИЦИЈАЛНИТЕ ГОСТИ НА ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА НАТО И БЛИСКИ СОСЕДИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Во светло на одржувањето на свечената седница на Собранието на Република Северна Македонија по повод донесувањето на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари одделни средби со официјалните гости од земјите членки на НАТО, блиски соседи на Република Северна Македонија: г-ѓа Цвета Карајанчева, претседателка на Народното собрание на Република Бугарија; г-ѓа Василика Хиси, потпретседателка на Парламентот на Република Албанија; г. Генци Ниманбегу, потпретседател на Парламентот на Црна Гора и г. Мирослав Туѓман, специјален претставник на претседателот на Хрватскиот сабор и шеф на Делегацијата на Саборот во ПС на НАТО.

Прочитај повеќе
123...117                                                                                                                      
Click