Средба на претседателот Вељаноски со претставници на Сојузо...

Понеделник, 13 октомври 2014 година

Средба на претседателот Вељаноски со претставници на Сојузот на борците

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска оствари средба со претседателот, потпретседателите и членови на Сојузот на борците на Македонија, г. Тодор Атанасовски, г. Томе Малески, г-ѓа Верка Бунтеска и г. Борис Стојановски, лично честитајќи им го 11 Октомври - Денот на народното востание и потенцирајќи го значењето и нивната улога во слободата и нејзината благодет, која денес ја имаме благодарение на нивната храброст, истрајност и безусловни залагања.

Прочитај повеќе

Светска недела на детето...

Петок, 10 октомври 2014 година

Светска недела на детето

Во рамките на годинешното одбележување на Светската недела на детето, денеска дел од децата и вработените од детската градинка „Раде Јовчевски-Корчагин“ од Скопје, го посетија Собранието на Република Македонија и остварија средба со претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски.

Прочитај повеќе

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ГО ПРИМИ ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА К...

Среда, 8 октомври 2014 година

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ГО ПРИМИ ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2014 ГОДИНА

Евроамбасадорот г. Аиво Орав официјално го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2014 година на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски. На примопредавањето на Извештајот беа поканети и присуствуваа и потпретседателите на Собранието на Република Македонија, координаторите на пратеничките групи во Собранието и претседателите на дел од собраниските комисии.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО Г. БРАЈАН БИНЛИ И Г. М...

Вторник, 7 октомври 2014 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО Г. БРАЈАН БИНЛИ И Г. МАРК ПРИЧАРД

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со членови на Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, г. Брајан Бинли и г. Марк Причард. 
Прочитај повеќе

Одржана Конститутивната седница за Франкофонијата...

Вторник, 7 октомври 2014 година

Одржана Конститутивната седница на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата

Секцијата се основа заради учество во Парламентарното собрание на Франкофонијата и за размена на искуства со парламентите и органите на Организацијата на Франкофонијата и франкофонските земји.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со Изборна делегација на ...

Среда, 1 октомври 2014 година

Средба на претседателот Вељаноски со Изборна делегација на ИПС Програмата

Меѓународната парламентарна стипендија (ИПС) е традиционална активност на германскиот Бундестаг, кој заедно со Техничкиот универзитет, Слободниот универзитет и Универзитетот Хумболт во Берлин дава можности на млади луѓе од земјите од Југоисточна Европа одблизу да се запознаат со парламентарниот систем на Германија.

Прочитај повеќе

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ГО ПРИМИ НОВОИМЕНУВАНИОТ АМБАСАДОР ...

Петок, 26 септември 2014 година

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ГО ПРИМИ НОВОИМЕНУВАНИОТ АМБАСАДОР НА СОЈУЗНА РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА, Н.Е. КРИСТИНЕ Д. АЛТХАУЗЕР

На средбата стана збор за актуелните состојби како и за прашањата што ги поврзуваат двете земји. Беше спомената и „Меѓународната парламентарна стипендија“, програма на германскиот Бундестаг која е под покровителство на претседателот на Собранието на Република Македонија, како долгогодишен проект.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со г. Овен Џенкин...

Петок, 19 септември 2014 година

Средба на претседателот Вељаноски со г. Овен Џенкинс

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со директорот на Канцеларијата за надворешни прашања и прашања од Комонвелтот задолжен за Западен Балкан, г. Овен Џенкинс. На средбата присуствуваше и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, г. Чарлс Гарет.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со г. Ивица Дачиќ...

Понеделник, 15 септември 2014 година

Средба на претседателот Вељаноски со првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Република Србија, г. Ивица Дачиќ

На почетокот на средбата, претседателот Вељаноски го искажа своето задоволство од средбата, при што изрази поздрави, како од свое име, така и од името на пратениците на Собранието на Република Македонија.

На средбата се разговараше за актуалните случувања, како во регионот, така и во светски рамки. Двајцата соговорници разговараа и за моменталните случувања во двете земји.

Прочитај повеќе

Вељаноски на Европска конференција на претседатели на парла...

Четврток, 11 септември 2014 година, Осло

Вељаноски на Европска конференција на претседатели на парламенти 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска присуствуваше на отворањето на Европската конференцијата на претседатели на парламенти во Осло, Норвешка. Конференцијата ја отворија претседателот на норвешкиот Стортинг, г. Олемик Томесен и претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г-ѓа Ан Брасер. Воведно обраќање имаа и генералниот секретар на Советот на Европа, г. Торбјорн Јагланд и министерот за прашања од ЕУ, г. Видар Хелегесен.

Прочитај повеќе
1...78910           
Click