Средба на претседателите Вељаноски-Шир...

Понеделник, 1 септември 2014 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ НА ПАРЛАМЕНТОТ НА КАНАДА, Г. ЕНДРУ ШИР 

На почетокот на средбата претседателот Вељаноски искажа огромно задоволство од можноста да биде домаќин на својот колега и благодарност за посетата на Република Македонија, напоменувајќи дека ваквите посети претставуваат потврда за блиските пријателски односи меѓу Република Македонија и Канада, кои секако и во иднина ќе продолжат да се развиваат.
Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски оствари средба со новоименуваниот а...

Вторник, 26 август 2014 година

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ГО ПРИМИ НОВОИМЕНУВАНИОТ ВОНРЕДЕН И ОПОЛНОМОШТЕН АМБАСАДОР НА ДРЖАВАТА ИЗРАЕЛ ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО СЕДИШТЕ ВО ЕРУСАЛИМ 

Претседателот Вељаноски го потенцираше заложувањето за интензивирање на понатамошните контакти на ниво на средби на претседатели но и на ниво на парламентарни групи за соработка и пратеници, како и задоволството да се биде домаќин на претставници на Државата Израел. Амбасадорот Орјан се согласи и изрази желба за продлабочување на соработката помеѓу двете држави покрај државната и парламентарната и во областите кои се од заеднички интерес како образованието, енергетските извори и животната средина.  
Прочитај повеќе

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО Г. МАЈКЛ САДЕРЛЕН...

Понеделник, 14 јули 2014 година

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО Г. МАЈКЛ САДЕРЛЕНД, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРЛАМЕНТОТ НА ЗАПАДНА АВСТРАЛИЈА

На почетокот на средбата, г. Мајкл Садерленд, изрази задоволство од можноста да ја посети Република Македонија, да се увери во гостопримството на нејзините граѓаните, како и од можноста за средба со претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со Делегација на Ад-хок к...

Четврток, 10 јули 2014 година

Средба на претседателот Вељаноски со Делегација на Ад-хок комисијата на ПС СЕ за набљудување на претседателските избори и предвремените парламентарни избори

На почетокот на средбата, соговорниците изразија задоволство што повторно имаат можност да се сретнат и да разменат ставови и мислења, пред сè со цел да се надминат и разрешат актуелните состојби.
Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО Г. АБДУЛАХ ЃУЛ И СО ВС...

Сабота, 28 јуни 2014 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА, Г. АБДУЛАХ ЃУЛ И СО ВСЕЛЕНСКИОТ ПАТРИЈАРХ ВАРТОЛОМЕЈ

Претседателот Вељаноски изрази благодарност за силната и принципиелна поддршка од Република Турција на полето на евроатланските и европските интеграции на Република Македонија.

Прочитај повеќе

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА РЕПУБЛИКА Т...

Петок, 27 јуни 2014 година

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во дводневна официјална посета на Република Турција ја предводи Делегацијата на Собранието на Република Македонија, во чиј состав се пратениците: г. Ќенан Хасипи, г. Илија Димовски, г. Реџаиљ Исмаили и г. Газменд Алији.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА НДИ...

Среда, 25 јуни 2014 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА НДИ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со вишиот член на одборот на директори на НДИ, г. Хауард Дин, регионалниот директор на НДИ за Централна и Источна Европа, г. Роберт Бенџамин и директорот на НДИ во Македонија, г. Крис Хеншоу.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОБЕДИНЕТ...

Среда, 25 јуни 2014 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ДЕЛЕГАЦИЈА НА СЕПАРТИСКАТА ПАРЛАМЕНТАРНА ГРУПА НА ПАРЛАМЕНТОТ НА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО

Соговорниците изразија задоволство од средбата, при што беше констатирано дека оваа посета претставува уште една потврда за добрите односи и искреното пријателство помеѓу Република Македонија и Обединетото Кралство, како и желба за понатамошна соработка и поддршка. Претседателот Вељаноски ја истакна досегашната одлична соработка и реализираните средби со официјални претставници од Обединетото Кралство.

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски го прими Г. ПЕТРИТ БУШАТИ...

Среда, 11 јуни 2014 година

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ГО ПРИМИ НОВОИМЕНУВАНИОТ АМБАСАДОР НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Г. ПЕТРИТ БУШАТИ

Двајцата соговорници се согласија дека Република Македонија и Република Албанија имаат одлична билатерална соработка, пријателски односи и изразија желба таквата соработка да продолжи и понатаму со помош на реализација на нови проекти и размена на нови идеи. Особено значајна е заедничката соработка и размена на искуствата на патот на европската интеграција, како единствена алтернатива за земјите од регионот.

Прочитај повеќе

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ГО ПРИМИ Г. ЈАЦЕК МУЛТАНОВСКИ ...

Среда, 4 јуни 2014 година

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ГО ПРИМИ НОВОИМЕНУВАНИОТ АМБАСАДОР НА РЕПУБЛИКА ПОЛСКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Г. ЈАЦЕК МУЛТАНОВСКИ 

Претседателот Вељаноски, на средбата истакна дека Република Македонија и Република Полска имаат пријателска билатерална соработка, но е потребно да се зголеми интензитетот на остварени средби на сите нивоа. Исто така, стана збор и за значењето на парламентарната дипломатија за дополнително унапредување на добрите односи, преку официјални посети на претседатели и пратеници на парламентите на двете држави. 

Прочитај повеќе
1...8910           
Click