Работна средба на претседателот Џафери со делегација од гер...

Четврток, 13 јуни 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со делегација од германскиот Бундестаг

Претседателот на почетокот на средбата им посака добредојде и изрази искрена благодарност на Бундестагот за ратификацијата на Пристапниот протокол на нашата земја за членство во НАТО и ги информираше почитуваните пратеници дека досега 17 земји го ратификувале пристапниот протокол. 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Јероним Базо, директор на...

Среда, 12 јуни 2019 година

Средба на претседателот Џафери со Јероним Базо, директор на РАКВИАК - Центарот за безбедносна соработка

Претседателот Џафери, се заложи за продлабочување на воспоставената соработка со Регионалниот центар за контрола и верификација на вооружувањето и помош во имплементацијата.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Владата ...

Вторник, 11 јуни 2019 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Владата на Чешката Република, Андреј Бабиш

Оваа посета, рече Џафери, претставува одлична можност за продлабочување на воспоставената соработка и реализација на конкретни проекти, како што е на пример полициската соработка која покажува одлични резултати. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Свечената церемонија на...

Сабота, 8 јуни 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери на Свечената церемонија на дипломирањето на првата генерација апсолвенти на Универзитетот Мајка Тереза   

Почитувани студенти, денес имам порака за сите вас што заминувате од овој храм на знаењето како архитекти, како градежници, како информатичари, техничари, технолози и дипломирани во социјални науки: “Раширете ги крилата, главата горе, полно срце и полетајте, отворете нови патеки за откривање на овој свет, толку интригантен и толку предизвикувачки и немојте да дозволите вашето патување да остане само на толку.
Прочитај повеќе

ПОЗДРАВНИ ОБРАЌАЊА ВО ШВАЈЦАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ВО ЧЕСТ НА ДЕЛ...

Четврток, 6 јуни 2019 година

ПОЗДРАВНИ ОБРАЌАЊА ВО ШВАЈЦАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ВО ЧЕСТ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

За време на дводневната официјална посета на Швајцарската Конфедерација од страна на собраниска делегација предводена од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, во чест на претседателот Џафери и на делегацијата, претседателите на Националниот и Државниот совет, одржаа поздравни обраќања во рамки на пленарна седница на Швајцарскиот парламент.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВНИО...

Среда, 5 јуни 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ШВАЈЦАРСКОТО МНР, Г-ЃА МАРТИ ЛАНГ

Во текот на официјална посета на Швајцарската Конфедерација, претседателот на Собранието на Северна Македонија, г. Талат Џафери, придружуван од пратениците Џеват Адеми, Мира Стојчевска и Павлинче Честојнова, во својство на претседател и членови на Пратеничката група за соработка со Сојузниот парламент на Швајцарската Конфедерација, се сретнаа со генералниот секретар на Швајцарското МНР, г-ѓа Марти Ланг.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОЈУЗНИО...

Среда, 5 јуни 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОЈУЗНИОТ ПАРЛАМЕНТ НА ШВАЈЦАРСКАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА  Г-ЃА МАРИНА КАРОБИО ГУСКЕТИ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, заедно со пратениците Џеват Адеми, Мира Стојчевска и Павлинче Честојнова, остварија средба со претседателката на Сојузниот парламент на Швајцарската Конфедерација, г-ѓа Марина Каробио Гускети, на чијашто покана Делегацијата и е во официјална посета во Берн.

Двајцата соговорници оценија дека, односите и контактите меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Швајцарскиот Парламент се пријателски и се одвиваат по нагорна линија, и на билатерален и на мултилатерален план.

Прочитај повеќе

Претседателот Џафери со свечен прием им посака добредојде н...

Недела, 2 јуни 2019 година

Претседателот Џафери со свечен прием им посака добредојде на генералниот секретар на НАТО и на Северноатлантскиот совет на Алијансата

Со свечен прием во Собранието на Република Северна Македонија, претседателот на Собранието na Република Северна Македонија Талат Џафери, вечерва им посака добредојде на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и на Северноатлантскиот совет на НАТО, кои од денеска се во дводневна посета на земјава. Генералниот секретар Столтенберг ја предводи делегацијата од 29-те амбасадори на земјите членки на НАТО во Брисел.

Прочитај повеќе

Џафери: Очекуваме ЕУ да стои на својата определба за отворе...

Четврток, 30 мај 2019 година

Џафери: Очекуваме ЕУ да стои на својата определба за отворени врати 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, во заедничката изјава на државниот врв, по примањето на Извештајот од Европската комисија во претседателската Вила Водно, рече дека „Извештајот јасно покажува дека Република Северна Македонија целосно ги има постигнато и исполнето препораките од Самитот на Европската Унија од минатиот јуни за можноста до овој јуни да ги исполниме тие препораки, и тоа е доказ дека ние нашиот дел сме го завршиле.

Прочитај повеќе

Свечено отворање на автопатот „Арбен Џафери" – Републи...

Среда, 29 мај 2019 година

Свечено отворање на автопатот „Арбен Џафери" – Република Косово

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на покана од неговиот хомолог, претседателот на Собранието на Република Косово, Кадри Весели, присуствуваше на свеченото отворање на автопатот „Арбен Џафери", кој ќе има големо влијание врз севкупната економска соработка и развојот на приватниот бизнис-сектор. Со ова инфраструктурно поврзување на коридорите, Приштина и Скопје ќе бидат многу поблиску. 

Прочитај повеќе
1...91011...40                                         
Click