Среда, 20 мај 2015 година 

Обраќање на претседателот Вељаноски на отворањето на Парламентарниот комитет на ПД на ЦЕИ 

Ми претставува големо задоволство да се обратам пред вас на почетокот на сесијата на Парламентарниот комитет во рамките на Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива, која се вбројува во најстарите регионални организации на Европа. Денеска Централноевропската иницијатива здружува 18 држави, од кои десет се членки на Европската унија.

Среда, 20 мај 2015 година

Обраќање на потпретседателот на Владата, г. Пешевски на отворањето на Парламентарниот комитет на ПД на ЦЕИ

Ми претставува чест и задоволство во име на Владата на Република Македонија да Ви посакам топло добредојде и сигурен сум дека Македонија ќе се покаже како добар домаќин и организатор на седницата на Парламентарниот Комитет на Централноевропската иницијатива. Во оваа прилика и покрај тешката политичка ситуација во земјата, би сакал да ја изразам подготвеноста на Владата на Република Македонија да ја поддржи оваа иницијатива и Ве поттикнувам да продолжите со конструктивни дискусии, со цел зајакнување на севкупната соработка помеѓу парламентите на земјите членки на ЦЕИ. 

Среда, 20 мај 2015 година

Обраќање на заменик-министерот за надворешни работи на Република Македонија, г-ѓа Драгана Кипирјановска

Република Македонија оваа година во улога на престедавач со Централно-европската иницијатива има извонредна можност директно да придонесе во градењето на севкупната регионална политика во просторот на Југоисточна Европа, но и во пошироки размери. Како најстар, најреспективен и најголем меѓувладин форум во регионални рамки кој на врвот на својата агенда, ја поставува токму промоцијата на регионаланта соработка во насока на ЕУ интеграција, Централно европската иницијатива е уникатен пример за поттикнување и натамошно јакнење на кохезијата и интеграцијата меѓу Европската Унија и земјите кои сѐ уште не се дел од европското семејство.


Среда, 20 мај 2015 година

ЦЕИ - мост на макрорегионите и различните стратегии 

Денеска во Собранието на Република Македонија се одржува Седница на Парламентарниот комитет на Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), на тема „Релевантноста на макрорегионалните стратегии на ЕУ како можност за прекугранична соработка меѓу земјите-членки на ЦЕИ: Улогата на Парламентите". 
 Финална декларација Обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на отворањето на Парламентарниот комитет во рамките на Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива, 20 мај 2015 година повеќе

Среда, 20 мај 2015 година

Седница на Парламентарниот комитет на ЦЕИ на тема: „Значењето на макро-регионалните стратегии на ЕУ како можност за прекугранична соработка меѓу земјите-членки на ЦЕИ: Улогата на парламентите“

Во рамките на македонското претседавање со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), на 20 мај 2015 година во Собранието на Република Македонија ќе се одржи седница на Парламентарниот комитет на ЦЕИ на тема: „Значењето на макро-регионалните стратегии на ЕУ како можност за прекугранична соработка меѓу земјите-членки на ЦЕИ: Улогата на парламентите“. 

Среда, 20 мај 2015 година, 09.00 часот, Кристална сала 

Седница на Парламентарниот комитет на ПД на ЦЕИ - „Релевантноста на макро-регионалните стратегии на ЕУ како можност за прекугранична соработка меѓу земјите-членки на ЦЕИ: Улогата на парламентите" 

Понеделник, 18 мај 2015 година, 13.00 часот, канцеларија 275

Подготвителен состанок на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПД на ЦЕИ

Click