2010

    Делегација на Собранието на Шангај Ескпо 2010...

    

    Сабота, 1 мај 2010 година

    Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот Вељаноски, учествуваше на отворањето на светската изложба Шангај Ескпо 2010

    По тој повод, претседателот на македонското собрание, г. Вељаноски, имаше средба со претседателот на НР Кина, г. Ху Џин Тао, кој во чест на високите гости приреди свечена вечера. Притоа, претседателот Вељаноски се заблагодари за топлиот прием и ја искажа својата увереност дека организацијата на Експо 2010 ќе ја следи успешноста на олимписките игри во Пекинг, а НР Кина уште еднаш ќе биде домаќин на еден значаен глобален настан кој ќе ја одбележи оваа година

    Прочитај повеќе

    ПСРМ оствари средба со претседателот на Секинескиот Народен...

    

    Среда, 28 април 2010 година

    Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски оствари средба со претседателот на Секинескиот Народен Конгрес Ву Бангуо

    Во рамките на посетата на Народна Република Кина на Делегацијата на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот Трајко Вељаноски, во чиј состав се пратениците Силвана Бонева, Цветанка Иванова и Џеват Адеми, денеска во Пекинг, во зградата на Секинескиот народен конгрес беше остварена средба со претседателот на Секинескиот народен конгрес, Ву Бангуо, што воедно претставува прва средба на ниво на претседатели на парламенти од двете земји

    Прочитај повеќе

    Вељаноски во посета на Кина...

    

    Понеделник, 26 април 2010 година

    Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот Трајко Вељаноски денеска замина во посета на Народна Република Кина

    Во текот на посетата, претседателот на Собранието, Вељаноски и членовите на собраниската делегација ќе остварат средба со претседателот на Постојаниот комитет на Секинескиот народен конгрес на Народна Република Кина, Ву Бангоу, што претставува прва средба на претседатели на парламенти меѓу двете држави, како и средба со претседателот и членовите на парламентарната група за соработка меѓу Република Македонија и Народна Република Кина

    Прочитај повеќе

    Средба на ПСРМ со претседателот на Р.Албанија Н.Е.Бамир Топ...

    

    Среда, 14 април 2010 година

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, се сретна со претседателот на Република Албанија, Н.Е. Бамир Топи

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Н.Е. Бамир Топи. На средбата, претседателот Вељаноски го потенцираше високото ниво на билатерални односи меѓу двете земји, како и интензивната парламентарна соработка која се движи во постојана нагорна линија и изрази надеж дека оваа динамика на соработка ќе продолжи и во иднина, го нагласи значењето на реформите кои ги правиме како држава и значењето на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија и, како што истакна претседателот Вељаноски, посебно значење за соседните земји од регионот претставува целосната интеграција во НАТО и ЕУ.

    Прочитај повеќе

    Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ...

    

    Петок, 9 април 2010 година

    Претседателот на Собранието Вељаноски прими делегација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на република македонија

    На средбата, претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, г. Никола Ангеловски, на претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, му додели Плакета во знак на соработка и посебни заслуги во унапредувањето на работата на Републичкиот совет и воопшто јакнење на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

    Прочитај повеќе

    Средба Вељаноски - Симонс...

    

    Петок, 26 март 2010 година

    Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, го прими г. Роберт Симонс, заменик на помошникот на генералниот секретар на НАТО

    Потсетувајќи дека Република Македонија денес не е членка на НАТО заради спорот со нашиот јужен сосед, претседателот на Собранието, г. Трајко  Вељаноски истакна дека ние продолжуваме со сите потребни реформи за наше целосно интегрирање во евроатлантските структури

    Прочитај повеќе

    Средба на ПСРМ со МНР на РТ Давутоглу...

    

    Петок, 26 март 2010 година

    Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски го прими Министерот за надворешни работи на Република Турција Ахмет Давутоглу

    На средбата, која помина во отворена и пријателска атмосфера, и двете страни оценија дека билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Турција се многу добри, нема отворени прашања, а сето ова дава добра основа тие односи да се развиваат и продлабочуваат. Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, изразувајќи благодарност за поддршката од страна на Република Турција за наше членство во НАТО, потсети дека Република Македонија и по Букурешт активно и одговорно ги презема и исполнува своите обврски кон алијансата

    Прочитај повеќе

    Средба на ПСРМ со г. Павел Гантар...

    

    Среда, 10 март 2010 година

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со Делегацијата на Државниот збор на Словенечкиот парламент, предводена од претседателот д-р Павел Гантар

    На почетокот на разговорите и двете страни истакнаа дека односите меѓу Република Македонија и Република Словенија се многу добри и повеќе од пријателски, а меѓу двете држави нема отворени прашања.
    „Тоа ни дава можност билатералните односи да ги продлабочуваме во сите сфери и на сите нивоа“, истакна претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски.

    Прочитај повеќе

    Средба на Конгреската делегација со ПСРМ...

    

    Четврток, 18 февруари 2010 година

    Средба на Конгреската делегација со претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска ја прими Конгреската делегација, предводена од конгресменот г. Ерл Померој, амбасадорот на САД во Република Македонија, г. Филип Рикер и директорот на Агенцијата за меѓународен развој на САД, г. Мајкл Фриц.

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, се осврна на досегашната соработка на Собранието на Република Македонија и Конгресот на САД, истакнувајќи дека со нивна помош се реализирани повеќе проекти, како салата „Борис Трајковски“, која има мултифункционален карактер, реализација на проектот „Собраниска библиотека“ со цел создавање на нов библиотечен фонд, создавање на просторно-технички претпоставки за нова библиотечна просторија, итн.

    Но, што е поважно, истакна претседателот Вељаноски, оваа соработка влијае на натамошното пријателство на Република Македонија и САД, како и принципите на парламентарната демократија кај нас.

    Конгресменот г. Ерл Померој, истакнувајќи дека повеќепати бил во посета на Република Македонија, изрази признание за позитивниот развој на државата, а во тие рамки секако и Собранието на Република Македонија, како и  парламентаризмот во целост.

    „Односите помеѓу Собранието на Република Македонија и Конгресот ние ги гледаме како квалитетно партнерство од кои двете страни можат да ги пренесат своите искуства. Посебно сум импресиониран од ефикасноста на донесувањето на законите, што значајна улога има и претседателот на Собранието на Република Македонија, а тоа зборува дека во Парламентот на Република Македонија политичкиот дијалог е на високо ниво“, истакна конгресменот г. Ерл Померој.

    Во текот на разговорите двете страни ја истакнаа потребата оваа соработка и пријателство континуирано да продолжи во најразлични форми.

    Прочитај повеќе

    Средба на ПСРМ со г.Штефан Фуле...

    

    Петок, 19 февруари 2010 година

    Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со Комесарот за проширување и политика на соседство, г. Штефан Фуле

    На средбата, претседателот Вељаноски истакна дека Република Македонија и сите нејзини институции продолжуваат со реформите кои се потребни за нашето членство во Европската унија.
    „Иако не добивме датум за започнување на преговорите, а тоа Европската комисија го препорача, ние многу сериозно и одговорно продолжуваме да работиме на остварувањето на нашата интеграција во европското семејство на кое му припаѓаме. На ова нe обврзува и фактот дека над 92 проценти од граѓаните на Република Македонија се за членство во ЕУ и НАТО. Во исто време, продолжуваме со преговорите кои се водат под покровителство на ОН и господинот Нимиц за изнаоѓање на решение за спорот со името наметнат од соседна Грција. Решавањето на спорот со името и нашето членство во ЕУ, секако, е во интерес на Република Македонија, но исто така е значајно за стабилноста и интеграцијата на регионот, како и за Европа во целост“, изјави претседателот Вељаноски

    Прочитај повеќе
    1...456       
    Click