РЕЗУЛТАТИ ОД ЛИТВАНСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО СОВЕТОТ НА ЕУ ...



Четврток, 26 декември 2013 година

РЕЗУЛТАТИ ОД ЛИТВАНСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

На последниот состанок на Европскиот совет што се одржа на 19 и 20 декември годинава, претседателот на Литванија г-ѓа Далија Грибаоскаите ги презентираше резултатите од претседателството на Литванија со Советот на ЕУ.

Прочитај повеќе

НОВ ПАКЕТ НА ПОЛИТИКИ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ ВО00 ЕВРОПСКАТА УНИЈА ...



Вторник, 24 декември 2013 година

НОВ ПАКЕТ НА ПОЛИТИКИ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Чистиот воздух е од суштинско значење за здравјето на луѓето и за здрава животна средина. Квалитетот на воздухот значително е влошен како резултат на индустриската револуција, согорувањето на фосилните горива, производството на енергија и енормниот пораст на сообраќајот на патиштата. Загадениот воздух влијае на квалитетот на животот, на здравјето, доведува до појава на астма и респираторни проблеми кај населението.

Прочитај повеќе

ФОРУМ ЗА ИНОВАЦИИ - ВИЛНУС 2013 10.12.13...



Вторник, 10 декември 2013 година

ФОРУМ ЗА ИНОВАЦИИ - ВИЛНУС 2013

Во рамките нa Литванското претседателство со Советот на Европската унија, од 4 до 6 декември годинава, во Вилнус се одржа првиот форум посветен на иновациите, во организација на литванското Министерство за економија и Агенцијата за наука, иновации и технологија. Целта на организирањето на овој меѓународен настан беше да се создаде платформа за дискусија на високо ниво, посветена на иновациите, најдобрите практики и влијанието врз економскиот раст на ЕУ. Повеќе од 600 учесници на форумот дискутираа за важноста на иновациите за европската економија.

Прочитај повеќе

ЕКОНОМСКИТЕ ПРИОРИТЕТИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА 2014 ГОДИНА 2...



Среда, 20 ноември 2013 година

ЕКОНОМСКИТЕ ПРИОРИТЕТИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА 2014 ГОДИНА

Европската комисија на 13 ноември годинава го претстави својот Годишен преглед на раст, со што беше означен почетокот на четвртиот Европски семестар.

Прочитај повеќе

ПРЕДЛОЗИ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНА...



Вторник, 12 ноември 2013 година

ПРЕДЛОЗИ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Европската комисија на 02 октомври годинава усвои комуникација за социјалната димензија на Економската и монетарна унија, која го следи планот на Комисијата (IP/12/1272) објавен во ноември 2012 година. Комуникацијата претставува одговор на барањето од Европскиот совет од минатата година, да се презентираат можни мерки за социјалната димензија на ЕМУ, вклучително и социјалниот дијалог.

Прочитај повеќе

ОДБЕЛЕЖАН ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА СОРАБОТКА 26.9.13...



Четврток, 26 септември 2013 година

ОДБЕЛЕЖАН ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА СОРАБОТКА

Во текот на септември годинава во 30 земји од Европа беше одбележан Европскиот ден на територијална соработка со организирање на околу 140 различни настани: филмски фестивали, регионални здравствени форуми, обуки и семинари за остварување на соработка, саеми, изложби и презентации, дебати посветени на образованието, натпревари во фотографија и др.

Прочитај повеќе

ИНФОРМАТИВНА КАМПАЊА ЗА ИЗБОРИТЕ ЗА НОВИОТ ЕВРОПСКИ ПАРЛАМЕ...



Петок, 20 септември 2013 година

ИНФОРМАТИВНА КАМПАЊА ЗА ИЗБОРИТЕ ЗА НОВИОТ ЕВРОПСКИ ПАРЛАМЕНТ

Со почеток на информативната кампања започнаа официјалните подготовки за изборите за Европскиот парламент што ќе се одржат во мај 2014 година. Кампањата ќе се одвива во четири фази

Прочитај повеќе

ГОЛЕМ ИСЧЕКОР ЗА ЕДИНСТВЕНИОТ ПАЗАР НА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ 18.9...



Среда, 18 септември 2013 година

ГОЛЕМ ИСЧЕКОР ЗА ЕДИНСТВЕНИОТ ПАЗАР НА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

Европската комисија, на 11 септември годинава, донесе план за реформа на пазарот на телекомуникации, кој вклучува пакет на закони за намалување на трошоците на корисниците и голем број на нови права за корисниците и давателите на услуги. Телекомуникацискиот сектор сочинува само 9% од Европската дигитална економија, сите сектори сѐ повеќе зависат од меѓусебната поврзаност, потребата да бидат глобално конкурентни и да обезбедуваат услуги

Прочитај повеќе

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОБРЗА СОЦИЈАЛНА И ЕКОНОМСКА ИНТЕГРАЦИЈА НА РО...



Среда, 03 јули 2013 година

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОБРЗА СОЦИЈАЛНА И ЕКОНОМСКА ИНТЕГРАЦИЈА НА РОМИТЕ

Европската комисија на 26 јуни годинава објави извештај во кој се нотира потребата земјите-членки на Европската унија да обезбедат подобро спроведување на националните стратегии за интеграција на Ромите. Европската комисија ги повика земјите-членки да ги исполнат обврските за да обезбедат еднаквост како и да превземат поголеми напори за подобрување на економската и социјалната интеграција на Ромите во Европа. Интеграцијата на Ромите е во интерес на земјите-членки, особено за оние со големо ромско малцинство.

Прочитај повеќе

ЛИТВАНИЈА ГО ПРЕВЗЕДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО СО СОВЕТОТ НА ЕВРОП...



Понеделник, 01 јули 2013 година

ЛИТВАНИЈА ГО ПРЕЗЕДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО СО СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Литванија на 1 јули годинава го презеде шестмесечното претседателство со Советот на ЕУ, во период кога ќе бидат потребни неодложни решенија за да се обезбеди економски раст и безбедност во Европа. Литванија е земја со 3,2 милиони жители која пристапи во ЕУ во 2004 година и сеуште не е членка на евро зоната.

Прочитај повеќе

ПОСТИГНАТ ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР ЗА ПОВЕЌЕГОДИШНАТА ФИНАНСИСКА Р...



Петок, 28 јуни 2013 година

ПОСТИГНАТ ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР ЗА ПОВЕЌЕГОДИШНАТА ФИНАНСИСКА РАМКА НА ЕУ (2014-2020)

На 27 јуни годинава во Брисел меѓу Европскиот парламент, Советот на ЕУ и Европската комисија се постигна политички договор за идниот седумгодишен буџет на Европската унија. По повеќе месеци на преговори кои се одвиваа помеѓу институциите на ЕУ, со политичкиот договор постигнат во рамките на Ирското претседателство со Советот на ЕУ, буџетот формално ќе може да биде поднесен за одобрување од Европскиот парламент и Советот. Во текот на преговорите повеќе од земјите-членки бараа намалување на буџетот на ЕУ, додека Европскиот парламент и Комисијата беа со став дека поголем буџет ќе го поддржи економското закрепнување на Унијата.

Прочитај повеќе

ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЗЕЛЕНА ИНФРАСТРУКТУРА 21.5.13...



Вторник, 21 мај 2013 година

ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЗЕЛЕНА ИНФРАСТРУКТУРА

Европската комисија на 6 мај годинава усвои нова стратегија за поттикнување на користењето на зелената инфраструктура. Овој вид на инфраструктура претставува проверена алатка која ја користи природата за обезбедување на еколошки, економски и социјални бенефиции. На пример, наместо да се гради инфраструктура за заштита од поплави, со зелено инфраструктурно решение може да се овозможи природните мочуришта да го апсорбираат вишокот на вода од обилните дождови.

Прочитај повеќе

НОВИ МЕРКИ НА ЕК ЗА ПОБЕЗБЕДНА ХРАНА 13,5,13...

Понеделник, 13 мај 2013 година

НОВИ МЕРКИ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ПОБЕЗБЕДНА ХРАНА

Безбедноста на храната е од суштинско значање за обезбедување на довербата на потрошувачите и одржливост на производството на храна. Европската комисија на 6 мај годинава усвои пакет на нови мерки за зајакнување на спроведувањето на здравствените и безбедносните стандарди за целиот земјоделско-прехранбен синџир. Новите мерки се во насока на обезбедување на поедноставен пристап за заштита на здравјето како и поефикасни алатки за контрола со цел ефикасна примена на правилата за дејствување на синџирот на исхрана.

Прочитај повеќе

ПОДГОТОВКИ ЗА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ЗА ЕП 28,3,13...



Четврток, 28 март 2013 година

ПОДГОТОВКИ ЗА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ЗА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Изборите за Европскиот парламент што ќе се одржат во 2014 година ќе бидат првите избори по стапувањето во сила на Договорот од Лисабон. Со овој договор беа зајакнати демократските темели на Унијата, се зголеми улогата на граѓаните на Европската унија, преку воспоставување на солидна врска помеѓу граѓаните, остварување на нивните политички права и демократскиот живот на Унијата. Со воведување на граѓанската иницијатива, Лисабонскиот договор овозможува граѓаните на ЕУ да учествуваат подиректно и целосно во демократскиот живот во Унијата

Прочитај повеќе

СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА НА МЛАДИТЕ ВО ЕУ 22.3.13...



Петок, 22 март 2013 година

СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА НА МЛАДИТЕ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Во периодот од 11 до 13 март годинава во рамките на Ирското претседателство со Советот на ЕУ, во Даблин се одржа Младинска конференција на Европската унија, каде на едно место се сретнаа младите и креаторите на политиките во ЕУ. Конференцијата претставува елемент од процесот на воспоставување на структурен дијалог, а нејзината цел беше да се обезбеди заедничка дебата и информирање за постигнатиот напредок на политиката за млади, на национално и на европско ниво.

Прочитај повеќе
12   
Click