2009



Понеделник, 30 ноември 2009 година

Советот на министри за внатрешни работи и правда, денеска донесе одлука за симнување на шенгенската бариера за Република Македонија, Србија и Црна Гора

Со одлуката се дополнува регулативата 539/2001 на ЕУ, односно трите земји се префрлаат од „црната“ на „белата“ Шенген листа.

Одлуката  ќе важи  од 19 декември 2009 година само за лица кои поседуваат биометриски патни исправи. Визната либерализација на граѓаните на Република Македонија ќе им овозможи да патуваат во земјите-членки на Европската унија со исклучок на Велика Британија и Ирска. Безвизниот режим ќе се применува и за Норвешка, Швајцарија и Исланд, земји кои не се членки на ЕУ.

Визната либерализација се однесува за краткотраен престој во земјите на ЕУ, најмногу до 90 дена во рок од шест месеци или до 180 дена во рок од една година.

Укинувањето на визниот режим следува по препораката на Европската комисија и усвоената Резолуција од страна на Европскиот парламент со која се предлага укинување на визите за државјаните на трите балкански земји.

Click