Вторник, 11 февруари 2020
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ОФИЦИЈАЛНИТЕ ГОСТИ НА ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА НАТО И БЛИСКИ СОСЕДИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Во светло на одржувањето на свечената седница на Собранието на Република Северна Македонија по повод донесувањето на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари одделни средби со официјалните гости од земјите членки на НАТО, блиски соседи на Република Северна Македонија: г-ѓа Цвета Карајанчева, претседателка на Народното собрание на Република Бугарија; г-ѓа Василика Хиси, потпретседателка на Парламентот на Република Албанија; г. Генци Ниманбегу, потпретседател на Парламентот на Црна Гора и г. Мирослав Туѓман, специјален претставник на претседателот на Хрватскиот сабор и шеф на Делегацијата на Саборот во ПС на НАТО.