
Марина Димовска
Марина Димовска e родена на 23 јануари 1987 година во Скопје.Во 2008 година дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје, отсек политички студии. Со звање магистер на економски науки, од областа на меѓународната економија, се стекнува во 2010 година, со магистерски труд под наслов „Улогата на меѓународните организации во светската економија“.
Професионалната кариера Димовска ја започнува во 2009 година во Собранието на Република Македонија каде има 15-годишно професионално работно искуство на неколку позиции, како дел од Кабинетот на генералниот секретар, Секторот за седници на Собранието и Одделението за поддршка на Комисијата за европски прашања и на Комисијата за надворешна политика. Во својата работна кариера има учествувано на бројни меѓународни конференции, обуки и работилници во Европскиот парламент, Европа и САД.
Во јули 2024 година е именувана за генерален секретар на Собранието.