Петок, 31 јануари 2020
Обраќање на претседателот Џафери на Третиот Жан Моне Дијалог
Денеска продолжуваме со нов Жан Моне Дијалог, трет по ред, и мене ми е драго што меѓу нас се наоѓа новиот состав на европратници, пријатели на Собранието и на Република Северна Македонија, наши колеги од Европскиот парламент, кои се тука да ја продолжат со нас соработката која започна во мај 2018 година во Охрид, продолжи во мај 2019 година во Собрание и сакам да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на претходната тројка европратеници, Вајгл, Кукан и Флекнштајн, за нивното пријателство и непоколебливата посветеност на нашиот законодавен дом, а Вас, г. Ќучјук, г. Шиедер и г-ѓа Валсман, дозволете да ве поздравам и да ви посакам добредојде во Собрание со верба дека заедно ќе постигнеме конкретни резултати и успеси за кои можеби во некое поранешно минато сме мислеле дека се невозможни, а сепак сме успеале да ги оствариме или постигнеме.