ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
- 1.7.2013 Хрватска се приклучува кон ЕУ. По Словенија, Хрватска е втората земја од поранешна Југославија која се приклучи на ЕУ.
- 1.1.2007 Романија и Бугарија се приклучуваат кон ЕУ.
- 1.5.2004 Најголемо проширување на ЕУ со десет нови земји: Чешка, Естонија, Кипар, Латвија, Литванија, Унгарија, Малта, Полска, Словачка и Словенија.
- 1.1.1995 Четвртото проширување - Австрија, Финска и Шведска се приклучуваат на ЕУ.
- 1.1.1986 Шпанија и Португалија стануваат членки на ЕУ.
- 1.1.1981 Грција се приклучува на ЕУ.
- 1.1.1973 Прво проширување - Данска, Ирска и Обединетото Кралство се приклучуваат на ЕУ, со што бројот на земји членки тогаш се зголеми на девет.
- 1.1.1958 Основачи на ЕУ. Организацијата основана во 1957 година, сега позната како Европска Унија, првично имаше шест членки: Белгија, Франција, Германија, Италија, Луксембург и Холандија.