НАДЛЕЖНОСТИ НА СОБРАНИЕТО
Собранието на Република Северна Македонија е претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката. Собранието е еднодомно и го сочинуваат од 120 до 140 пратеници кои се избираат на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање. Мандатот на пратениците трае четири години и тие не можат да бидат отповикани.
Организацијата и функционирањето на Собранието се уредуваат со Уставот на Република Северна Македонија и Деловникот на Собранието.
Собранието на Република Северна Македонија:
- го донесува и изменува Уставот на Република Северна Македонија;
- донесува закони и дава автентично толкување на законите;
- ги утврдува јавните давачки;
- донесува републички буџет и завршна сметка на буџетот;
- донесува просторен план на Републиката;
- ратификува меѓународни договори;
- одлучува за војна и мир;
- донесува одлуки за менување на границите на Републиката;
- донесува одлуки за стапување и истапување од сојуз или заедница со други држави;
- распишува референдум;
- одлучува за резервите на Републиката;
- основа совети;
- избира Влада на Република Северна Македонија;
- избира судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија;
- врши избори, именување и разрешувања и на други носители на јавни и други функции утврдени со Устав и со закон;
- врши политичка контрола и надзор над Владата и над други носители на јавни функции што се одговорни пред Собранието;
- дава амнестија и
- врши други работи утврдени со Уставот.
Собранието за вршење на работите од својата надлежност донесува и одлуки, декларации, резолуции, препораки и заклучоци.