Петок, 6 септември 2019 година
Обраќање на претседателот Џафери по повод одбележувањето на 8 Септември - Денот на независноста
Добродојдовте на одбележувањето на овој исклучително значаен историски ден. Имам чест што денес сум домаќин на овој настан, како што впрочем е и редот, со оглед на тоа што токму овде, во законодавниот дом, во домот на граѓаните, пред точно дваесет и осум години, нашите колеги од тој пратенички состав, ја ставија на хартија и во живот одлуката на граѓаните од спроведениот референдум на 8 септември 1991 година кога вековниот сон, вековната желба за слободна, независна, суверена држава се оствари, бидејќи граѓаните се определија за таква самостојна, суверена држава, чии што основни постулати за развивање на граѓанското општество беа вградени и во највисокиот законодавен акт - во Уставот на државата.